Македонија
За два дена вакцинирани 453 здравствени работници во Македонија
Министерството за здравство (МЗ) информира дека 453 здравствени работници, кои работат во ковид-центрите, се вакцинирале со вакцината од производителот „Фајзер“ во изминатите два дена.
Од МЗ потсетуваат дека кон крајот на месецот во нашата земја се очекува да стигне и вакцината на кинескиот производител „Синофарм“, од каде што во директни преговори купени се 200.000 вакцини против Ковид-19.
Министерството за здравство информира дека Македонија преку Ковакс-механизмот има обезбедено 833.000 дози вакцини, а правата испорака што ќе пристигне во нашата земја ќе биде вакцината на „Астра зенека“, од која првата количина е планирано да стиге во март.
„Од оваа вакцина за Северна Македонија се предвидени помеѓу 103.200 и 175.200 дози, од кои околу 35 % треба да пристигнат во првиот, а преостанатите во вториот квартал од годината. Во правата испорака на Ковакс-механизмот за вакцините на ‘Фајзер’ вклучени се само 18 земји, а не се вклучени земјите што почнале сопствени програми за вакцинација против Ковид-19“, велат од МЗ.
Министерството за здравство апелира дека сите вакцини што се на пазарот се развиени на безбедни платформи, односно тие се безбедни за граѓаните.
Во меѓувреме, тече пријавувањето на веб-страницата vakcinacija.mk, како и преку матичен лекар за сите граѓани над 70-годишна возраст за кои вакцинацијата почнува веднаш по здравствените работници опфатени во правта фаза. Досега на веб-страницата 58.500 граѓани изразиле желба за вакцинација, а преку матичен лекар 32.917 граѓани над 70-годишна возраст.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Сарај и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09:00 до 14:00 часот, дел од корисниците од село Буковиќ, горниот дел (општина Сарај);
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците на улицата Струшка (општина Карпош).
Македонија
Апасиев: Следната недела ќе закажам посебна седница за трагедијата во „Пулс“
„Како претседател на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот во Собранието на РМ, следната недела планирам да ја закажам посебната комисиска седница на која ќе се разгледува добиената Претставка од „Здружението 16 Март“ на родителите од Кочани, на која ќе се расправа за изнесените наводи поврзани страшната трагедија во дискотеката „Пулс“. На седницата официјално ќе бидат поканети и претставници на подносителите“, напиша на социјалните мережи пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев.

За време на саботниот „Марш на ангелите“ во Скопје, семејствата на загинатите во „Пулс“ побараа пратениците да иницираат надзорна расправа и посебна анкетна комисија за целосно и независно испитување на случајот.
Македонија
Претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд
Претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 l/m² за 24 часа), локално со услови за невреме со засилен ветер (над 60 km/h) и појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 13 до 18 степени.
Во Скопје, облачно со повремени врнежи од дожд, во делови од котлината повремено пообилни. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на серија влажни воздушни бранови до крајот на седмицата следува период на променливо облачно и релативно топло време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, локално со услови за невреме со засилен ветер (над 60 km/h) и ретки грмежи. Во текот на 24 часа се очекува да наврне поголема количина дожд (над 30 l/m2). Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.

