Македонија
За еден ден казнети 48 возачи во Скопје поради брзо возење

Полицијата продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје вчера изречени се вкупно 185 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 48 санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, 20 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.
Изречени се девет мерки за управување под дејство на алкохол, две мерки за користење мобилен телефон при возење, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло).
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Собранието в среда ќе гласа за предлогот Трајко Славески да биде нов гувернер

В среда, 28 мај, ќе се одржи седницата за избор на гувернер на Народната банка (НБРМ).
Според информациите објавени на веб страницата на Собранието, сендицата ќе почне во 11 часот, а изборот на гувернер е прва точка на дневниот ред.
За оваа позиција претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го предложи актуелниот претседавач на Советот на Град Скопје, професорот Трајко Славески. Од нејзиниот кабинет по предлогот истакнаа дека при носењето на одлуката, претседателката се водела од стручноста и компетентноста, дигнитетот и интегритетот, како и реалната можност за именување на кандидатот.
ВМРО-ДПМНЕ најави поддршка за Славески, додека опозициската СДСМ соопшти дека нема да го поддржи, нарекувајќи го партиски кадар.
Славески, доколку биде избран за гувернер, ќе си замине од функцијата во Град Скопје.
Македонија
„Марш за ангелите“ – во Кочани утре нов марш на семејствата на настраданите во пожарот

Седмиот „Марш за ангелите“ за настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“ ќе се одржи утре во Кочани.
Маршот на кои семејствата повторно ќе побараат неселективна правда ќе почне во 16:05 часот од Паркот на Револуцијата и ќе продолжи кон Трговскиот центар по што учесниците ќе се упатат кон општинската зграда, а оттаму кон Полициската станица и пред Основниот суд и Обвинителството во Кочани.
Поддршка на маршот даде и движењето „Кој е следен?” кое организира бесплатен автобуски превоз од Скопје до Кочани.
Македонија
Со јапонски искуства ќе се трансформира системот за управување со кризи и заштита и спасување, Ангелов ја заврши посетата на Јапонија

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, заедно со раководителот на Секторот за аналитика во ЦУК, Стевко Стефаноски (носител на соработката) ја завршија исклучително успешната и корисна еднонеделна работна посета на Јапонија што ќе ја продлабочи понатамошната соработка меѓу ЦУК и Агенцијата за меѓународна соработка на Јапонија (JICA), соопшти Центарот за упрвување со кризи.
„Стекнатите искуства и знаења ќе бидат добредојдени во процесот на трансформација на системот за управување со кризи и заштита и спасување (СУК)“, информираат од ЦУК.
Директорот Стојанче Ангелов, изрази голема благодарност до Агенцијата за меѓународна соработка на Јапонија којашто ја овозможи оваа работна посета покривајќи ги сите трошоци, вклучително и авионските билетите и хотелското сместување во Јапонија.
Од ЦУК додаваат дека за повеќето информации од конкретни активности во Јапонија, јавноста ќе биде информирана во наредниот период.