Македонија
За повеќе од 330.000 евра продадени на аукција три стана на Мијалков на Водно и гаража, не е познато кој е новиот сопственик
Три стана на Водно и гаража, кои му припаѓаа на ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, беа продадени на аукција, што ја споведе Агенцијата за управување со одземен имот.
Директорот на Агенцијата, Дритон Небиу, објасни дека се работи за недвижности, кои со правосилна судска пресуда беа одземени од Сашо Мијалков. Поточно, на денешното наддавање, продадени беа три стана на Водно, од кои еден од 78 квадратни метри, два од 73 и гаража од 30 квадратни метри.
„За недвижностите имаше наддавање и заврши успешно. Во согласност со постигнатите вредности, во државниот буџет ќе бидат уплатени парични средства што беа одземени од граѓаните и ќе бидат повратени во вкупна вредност од 332.276 евра“, рече Небиу.
За истиот предмет наредната недела ќе биде спроведено уште едно јавно наддавање, најави тој.
На новинарско прашање кој е новиот сопственик на имотот на Мијалков, како и дали сите три стана ги купило едно лице, директорот Небиу не даде конкретен одговор. Тој ги повика граѓаните да се охрабрат и да аплицираат на секое јавно наддавање бидејќи постапката е транспаретна.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска дел од Карпош
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09:00 до 15:00 часот, дел од корисниците на ул. Струшка бр.7А (општина Карпош)
Македонија
До сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд пообилни во источните делови. На повисоките планини врнежите ќе преминуваат во снег, а на некои од повисоките места од дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени.
Во Скопје, претежно облачно, со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.
Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
До сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат денес (над 25 l/m² за 24 часа). Денеска на планините врнежите ќе преминуваат во снег, а во некои од повисоките места ќе бидат од дожд и снег. Од денеска ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска:
· поради промена на вентил во шахта од Ф-6/4 (во објект на Министерство за Одбрана) на ул.1732 бр.32 во општина Центар, со прекинато водоснабдување ќе бидат, Собрание на град Скопје, општина Центар, Ноќен клуб Маракана и Сити Хотел од 09:00 часот до завршување со активностите. (oпштина Центар)
· поради промена на вентил во шахта од Ф-2“на ул.Македонија бб (кај Хотел Буши) во општина Центар, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците на дел од ул. Македонија (односно потегот од ул. Даме Груев до Рекорд), од 10:30 часот до завршување со активностите. (општина Центар)

