Македонија
Дрин Ахмети нема да одговара кривично оти за петардите количината била мала, ќе плати глоба
Дрин Ахмети нема да одговара кривично за превезувањето на пиротехничките средства. Тој со себе носел седум петарди и 15 кутии со ракети за огномет, а Обвинителството обралзожи дека не станува збор за количина што налага кривична одговорност, туку поведување прекршочна постапка.
„Предметниот пиротехнички материјал, кој бил пронајден и одземен, не е од поголемо количество што може да иницира кривичен прогон и евентуална кривична одговорност, а во прилог на тоа говори и фактот што Министерството за внатрешни работи како надлежен орган за настанот достави известување, а не кривична пријава до Обвинителството“, појаснуваат.
За случајот издадена е наредба до МВР – Биро за јавна безбедност – СВР Скопје, со која Обвинителството побара поведување прекршочна постапка против Ахмети во согласност со одредбите од Законот за заштита од експлозивните материи.
За набавката на огнометот, Ахмети поседувал фактура од правно лице, чија дејност е продажба на пиротехнички средства, а за изведба на огнометот било ангажирано друго правно лице. Тој, сепак, не поседувал одобрение за пренос на пиротехничките средства како што налага законот – нешто што претставува прекршок и за што е предвидено да се води прекршочна постапка од страна на комисија во Министерството за внатрешни работи, додава Обвинителството.
Дрин Ахмети, кој е внук на претседателот на ДУИ, Али Ахмети, беше затекнат со пиротехничките средства во својот автомобил за време на полициска контрола на 30 декември 2023 година. Неколку месеци претходно тој беше во фокусот на јавноста кога стана косопственик на Трговскиот центар „Соравија“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

