Македонија
За три дена регистрирани 1.261 случаи на ковид, починале 6 лица
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена (од 22.07 до 24.07.2022) направени се 2.989 тестови, а регистриран е 1.261 нов случај на Ковид-19: Скопје – 572, Битола – 107, Кавадарци – 75, Прилеп – 64, Охрид – 62, Куманово – 54, Тетово – 44, Велес – 36, Гостивар – 29, Неготино – 27, Струмица – 23, Струга – 22, Кичево – 19, Крива Паланка – 18, Ресен – 16, Штип – 15, Кочани – 12, Гевгелија и Свети Николе – по 9, Дебар – 8, Радовиш и Кратово – по 7, Валандово – 5, Берово, Крушево и Демир Хисар – по 4, Македонски Брод – 3, Делчево – 2, Виница, Богданци, Пехчево и Дојран – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (1.261), регистрирани се 295 реинфекции.
Регистрирани сe 1.085 оздравени пациенти од: Скопје – 578, Битола – 80, Куманово и Кавадарци – по 51, Велес – 41, Охрид – 35, Тетово – 26, Гостивар и Струмица – по 25, Штип – 19, Прилеп – 18, Струга и Кичево – по 17, Кочани и Гевгелија – по 14, Ресен – 12, Неготино и Кратово – по 10, Крива Паланка, Валандово и Демир Хисар – по 6, Свети Николе – 5, Крушево – 4, Радовиш, Берово и Делчево – по 3, Дебар, Виница и Богданци – по 2.
Во текот на изминатите 3 дена (22.07-24.07.2022) пријавени се 4 починати лица од: Скопје (69 г), Битола (84 г), Прилеп (80 г) и Велес (83 г). Сите лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој термин регистрирани се две починати лица од: Куманово (86 г) и Македонски Брод (79г). Двајцата се починати во домашни услови. Лицата се пријавени за починати во период од 26.6.2022 – 01.07.2022г.
Направени се 2.989 тестови преку: ИЈЗ-323, ЦЈЗ Скопје-32, ЦЈЗ Битола-86, ЦЈЗ Прилеп-34, ЦЈЗ Тетово-47, ЦЈЗ Куманово-62, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-1, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–147, Жан Митрев (Филип Втори)-34, Авицена-75, Биотек-123, Систина-62, лабораторија Лаор-14, Синлаб-28, Ремедика-7, Плодност-37, Генеа-9, Никоб лаб-160, ВФВ Медикал-16, Ели медика плус-21, Ројал медика–4, Спектра-ММ-15, Рапид лаб–9, Жан Митрев Струмица–6, Нова лаб дијагностика–5, Рамус-31, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.601.
Досега во земјата се направени вкупно 2.108.611 тестирање на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 323.425, бројот на оздравени пациенти е 309.761, на починати е 9.359, а бројот на активни случаи изнесува 4.305
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 152984, Активни 1953
Куманово 17242, Активни 208
Битола 16489, Активни 340
Прилеп 14633, Активни 207
Тетово 13833, Активни 146
Кавадарци 11166, Активни 209
Велес 10170, Активни 146
Гостивар 9805, Активни 79
Охрид 9385, Активни 208
Струмица 8318, Активни 104
Штип 8301, Активни 83
Кичево 5799, Активни 78
Кочани 5223, Активни 39
Струга 4862, Активни 83
Гевгелија 4527, Активни 55
Неготино 3832, Активни 74
Ресен 2841, Активни 59
Свети Николе 2685, Активни 28
Радовиш 2592, Активни 35
Крива Паланка 2496, Активни 47
Делчево 2014, Активни 5
Берово 1713, Активни 12
Дебар 1707, Активни 19
Валандово 1522, Активни 13
Виница 1404, Активни 3
Пробиштип 1288, Активни 4
Богданци 1039, Активни 4
Кратово 1005, Активни 16
Крушево 951, Активни 13
Демир Хисар 864, Активни 16
Македонски Брод 761, Активни 13
Демир Капија 599, Активни 1
Македонска Каменица 527, Активни 2
Пехчево 489, Активни 2
Дојран 359, Активни 1
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поранешниот градоначалник на Чашка на 11 вработени незаконски им исплатил плати од над 700.000 денари
Полицијата поднесе кривична пријава против поранешен градоначалник на општина Чашка за „злоупотреба на службената положба и овластување“.
СВР Велес, до Основното јавно обвинителство Велес, поднесе кривична пријава против Г.С.(47) од Чашка поради постоење основи за сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Во периодот од јануари 2021 до декември 2024 година, Г.С. во својство на градоначалник на општина Чашка, постапил спротивно на Законот за државни службеници и на 10 лица вработени во општина Чашка, во повеќе наврати, од буџетската сметка на општината им исплаќал парични средства по основ на плата за кариера кај државен службеник, иако знаел дека тие не ги исполнуваат условите за државен службеник.
Додека, на едно лице, спротивно на Законот за работни односи, овозможил да му се исплати бонус плата, иако не биле исполнети условите.
На тој начин, пријавениот овозможил на 11-те вработени да се стекнат со имотна корист и предизвикал штета на буџетот на општина Чашка во вкупен износ од 725.562 денари.
Исто така, за место кое според актот за систематизација има предвидено една позиција, Г.С. на еден од вработените му издал решение за работното место иако таа позиција веќе била пополнета.
Македонија
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје
На 14.02.2026 (сабота) поради верскиот празник Задушница, од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќај во Скопје.
Имено, со почеток од 06:00 часот сообраќајот кон градските гробишта Бутел ќе се одвива во една насока (кружно), односно, сите возила ќе се упатат по ул.„Бутелска“, лево по ул.„Александар Урдаревски“, лево по ул.„Боца Иванова“ и десно до влезот на гробиштата Бутел, а за излез десно по ул.„Боца Иванова“, до кружниот тек на ул.„Бутелска“, па лево по ул.„Бутелска“ и десно по ул.„Кемал Сејфула“.
Посебен режим на сообраќај ќе се воведе и во близина на гробиштата Камник, Драчево и Ѓорче Петров.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите кои ќе ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците опфатени со посебниот режим на сообраќај.
Македонија
Традиционална церемонија на свечено менување на државното знаме во претседателскиот кабинет
Повеќе од 170 основци од скопските училишта „Ѓорѓија Пулевски“ и „Кочо Рацин“ и од училиштето „Св. Наум Охридски “ од Охрид, денеска ја проследија церемонијата на свечено менување на државното знаме, којашто во Кабинетот се одржува секој втор петок во месецот во знак на оддавање почит кон државата.
Во присуство на бројни претставници на Армијата, учениците, заедно со своите наставници и образовни асистенти, најпрво внимателно го ислушаа командирот на почесната единица кој ги образложи причините и процесот на менување на знамето.
Потоа, нивните љубопитни очи се вперија кон јарболот на којшто постојното, беше заменето со ново државно знаме. Церемонијата заврши со интонирање на македонската химна од Воениот оркестар, пропратено со детскиот хор.
Во рамки на посетата, дечињата ја разгледаа свечената сала со двата импозантни мозаици на академик Глигор Чемерски, „Македонија-светла земја“ и „Македонија-земјата памети“.
Претседателката изрази радост за присуството на најмладите посетители и одговараше на бројните креативни прашања меѓу кои и: Кои и биле омилените книги на нивна возраст? Дали ѝ недостигаат студентите? Сонувала и посакувала ли некогаш да стане претседателка? Какви карактеристики треба да поседува еден лидер? Како се одвива еден нејзин работен ден и колку долго трае? Дали ги помни омилените наставници?
Таа, во својство на ученичка, ги именуваше саканите учители, истакнувајќи дека имале огромно влијание врз нејзината љубов кон учењето.
На крајот, Сиљановска-Давкова им порача дека вреди да се учи и дека нема подобар влог во иднината, од оној во знаењето.
Младите посетители, освен со убави спомени, од Кабинетот си заминаа и со автограм од претседателката Сиљановска-Давкова.

