Македонија
За три дена регистрирани 72 случаи на ковид, починаa 4 лица
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена (од 7.10.2022 до 9.10.2022):
Направени се 871 тест, а регистрирани се 72 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 60, Куманово – 3, Битола и Велес – по 2, Прилеп, Охрид, Струмица, Струга и Ресен – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (72), регистрирани се 18 реинфекции.
Регистриран e 161 оздравен пациент од: Скопје – 116, Битола – 7, Куманово, Прилеп и Кичево – по 4, Велес, Охрид, Кавадарци, Неготино и Кратово – по 3, Тетово, Штип, Гевгелија и Берово – по 2, Струмица, Гостивар и Виница – по 1.
Во текот на изминатите 3 дена (07.10 – 09.10.2022) не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој термин, пријавени се 4 починати лица, од Скопје (96г, 80г и 73г) и од Кавадарци (58г). Од пријавените лица, 3 се починати во домашни и едно лице во болнички услови. Лицата за починати се пријавени во период од 14.9.2022 до 6.10.2022 год.
Направени се 871 тест преку: ИЈЗ-93, ЦЈЗ Скопје-83, ЦЈЗ Битола-14, ЦЈЗ Прилеп-9, ЦЈЗ Тетово-5, ЦЈЗ Куманово-15, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–1, Институт за микробиологија–35, Жан Митрев (Филип Втори)-13, Авицена-18, Биотек-30, Систина-20, лабораторија Лаор-5, Синлаб-6, Ремедика-3, Плодност-6, Генеа-4, Никоб лаб-31, ВФВ Медикал-5, Ели медика плус-3, Спектра-ММ-6, Рапид Лаб–1, Жан Митрев Струмица–0, Нова лаб дијагностика–1, Рамус-4, ГМ Лаб – 0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 460.
Досега во земјата се направени вкупно 2.174.086 тестирање на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 343.391, бројот на оздравени пациенти е 333.504, на починати е 9.548, а бројот на активни случаи изнесува 339
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 161776, Активни 238
Куманово 18231, Активни 15
Битола 17955, Активни 18
Прилеп 15505, Активни 12
Тетово 14470, Активни 9
Кавадарци 12087, Активни 6
Велес 10804, Активни 7
Охрид 10313, Активни 8
Гостивар 10275, Активни 0
Струмица 8781, Активни 5
Штип 8760, Активни 6
Кичево 6075, Активни 1
Кочани 5544, Активни 0
Струга 5172, Активни 1
Гевгелија 4881, Активни 2
Неготино 4146, Активни 3
Ресен 3030, Активни 1
Радовиш 2836, Активни 1
Свети Николе 2795, Активни 1
Крива Паланка 2660, Активни 0
Делчево 2183, Активни 0
Берово 1875, Активни 1
Дебар 1812, Активни 0
Валандово 1600, Активни 0
Виница 1478, Активни 0
Пробиштип 1299, Активни 0
Кратово 1129, Активни 1
Богданци 1101, Активни 0
Крушево 1038, Активни 1
Демир Хисар 929, Активни 0
Македонски Брод 800, Активни 2
Демир Капија 628, Активни 0
Македонска Каменица 534, Активни 0
Пехчево 519, Активни 0
Дојран 370, Активни 0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е значајна победа за правната држава
За првпат и самиот обвинител го признава тоа што целата јавност го кажуваше: дека Јавното обвинителство не може да продолжи да функционира со изгубен легитимитет, под товар на политички влијанија и со селективна правда, изјави Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ.
„Фактот што оваа оставка доаѓа дури сега, а не уште од првиот ден кога беше очигледно дека институцијата е компромитирана, само дополнително ја потврдува длабочината на проблемот и обидите со месеци да се одржи статус кво кое служеше на поранешната власт. Со оваа оставка се става крај на еден мрачен период, во кој обвинителството беше перципирано како партизиран механизам, а не како независна институција во служба на законот“, вели тој.
Според Петрушевски, оставката е јасен сигнал за крајот на практиките на заштита на поранешната власт на СДС и ДУИ и почеток на процесот на департизација и европеизација на јавнообвинителската дејност.
„Оставката на Коцевски не е персонално, туку единствено системско решение. Ова е јасна порака дека никој не е недопирлив“, вели Петрушевски.
Македонија
Општина Бутел додели 4.000.000 денари финансиска помош на спортски клубови
Општина Бутел додели 4.000.000 денари финансиска помош на спортските клубови од општина Бутел.
„Локалната самоуправа секоја година ги поддржува спортските клубови и доделува спортски стипендии на најдобрите спортисти од Бутел. Во општина Бутел се градат спортско-рекреативни центри во секое населено место. Во општина Бутел вредноста на спортот и спортските успеси е најголема“, изјави градоначалникот Дарко Костовски.
Тој изрази надеж дека финансиска поддршка ќе поттикне напредок во сите спортови и спортистите ќе освојат европски и олимписки медали.
Македонија
(Видео) СДСМ бара оставка од директорката на ГАК по смртта на новороденчето: „Има сомнежи за лекарска грешка“
СДСМ бара оставка од директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство по смртта на новороденчето.
„Денеска со огорченост стоиме пред оваа Клиника, ГАК, и бараме одговорност за последниот скандал со смртта на бебе. Овде не умрело само едно бебе кое го имало целиот живот пред себе, овде умрела, вистината, лекарската грижа, моралот и одговорноста. А директорката се обидела да го сокрие случајот. Новородено бебе, со реална шанса за живот, починало на интензивна нега. На родителите им било кажано дека смртта била неизбежна. Дека ништо не можело да се направи“, вели Елена Радеска, од Комисијата за здравство СДСМ.
Според неа, документите од самата Клиника говорат поинаку.
„Внатрешни пријави, изјави на лекари и официјални записници велат дека има сомнежи за лекарска грешка. Началничката на интензивна нега, писмено пријавила дека несоодветно лекување од страна на педијатарка довело до компликации и смрт на бебето. Според таа пријава, реинтубацијата траела дури 20 минути. Не секунди. Дваесет минути. Во тие 20 минути, на бебето му биле нанесени повреди по што настанала и смрт. Ништо од ова не им било кажано на родителите. Ниту дека постои сомнеж за сериозна лекарска грешка. За тоа дознале од новинари. Од свиркачи. Не од Клиниката. Не од институциите“, рече Радеска.
Според неа, клучното прашање зошто директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство, д-р Ирена Алексиовска Папестиев, иако била формално известена за сомнежите и за смрт со можни пропусти во лекувањето, два месеца не известила никого.
„Ова е огромен скандал кој ја покажува катастрофалната состојба во здравството. Бараме итна оставка на директорката на Клиниката, д-р Ирена Алексиовска Папестиев. Каква е таа докторка за која Хипократова заклетва е само на хартија? Бараме целосна, независна истрага и одговорност од сите инволвирани – без разлика на функцијата, титулата или хиерархијата“, рече Радеска.

