Македонија
„За шест месеци зголемување на платите од 15 проценти во здравството, 12 во образованието и 10 за полициските службеници“, велат од Владата
„Во последните шест месеци Владата ги зголеми платите на вработените во здравството, образованието и во безбедноста. Просветните работници и сите вработени во образованието добија покачување од 12 проценти. Првото покачување од 5 проценти го добија со септемвриската плата исплатена во октомври минатата година. А второто покачување од 7 проценти го добија со мартовската плата, исплатена во април“, велат од Владата.
„Со ова го враќаме изгубеното достоинство на просветните работници, кои ги создаваат идните генерации во државата.
Здравствените работници, медицинските сестри, техничарите и административниот персонал за шест месеци добија покачување на платите од 15 проценти. Матичните лекари и гинеколозите добија покачување на капитацискиот бод од 33 проценти, а стоматолозите на 22 процента.
Службените лица во МВР, кои се грижат за безбедноста и сигурноста на граѓаните и државата, добија покачување на платите од 10 проценти. За ова зголемување на платите на 12.000 полицајци од буџетот се обезбедени 800 милиони денари.
Владата се грижи за сите граѓани. Зголемувањето на платите продолжува, до крајот на мандатот во здравството и во образованието предвидено е да се зголемат за 46, односно 50 проценти“, се наведува во соопштението на Владата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
МВР потврди: Уапсен Артан Груби
На граничниот премин „Блаце“, припадници на Министерство за внатрешни работи го уапсија поранешниот прв вицепремиер Артан Груби.
„Денеска (23.02.2026) во 06:10 часот на Граничниот премин Блаце, на влез во државата, од слобода е лишен Артан Груби (48), кој беше баран со меѓународна потерница за истрага за сторено кривично дело по чл.354 ст.5 в.в. ст.3 в.в ст.1 в.в со чл.22. од КЗ“, велат од МВР.
Груби се товари за злоупотреба на службената положба во случај поврзан со Државна лотарија. Во предметот осомничен е и Перпарим Бајрами, а истрагата се однесува на наводна проневера од околу осум милиони евра преку набавка на ВЛТ апарати.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Карпош и Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улицата Марко Крале лоцирани околу објектот бр. 51, општина Бутел;
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, корисниците од улицата Козле лоцирани позади фабриката Реплек, општина Карпош;
– во периодот од 08.35 до 11.00 часот, корисниците од улицата Радишанска, општина Бутел;
– во периодот од 12.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улицата 1439 во населба Пинтија, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска дел од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм – во близина на Макпетрол, без вода ќе останат корисниците од улицата Христо Татарчев лоцирани на потегот од улицата Народни Херои до улицата Франк Харкорд-Манинг, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата

