Македонија
Зголемена стапката на морталитет во Македонија, жените живеат подолго од мажите
Кај бројот на починати лица во Македонија лани е забележан благ пораст од 0,1 % во однос на претходната година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Според извештајот, лани починале 20.201 лице, од кои 10.604 се мажи (52,5 %), а 9.597 жени (47,5 %). Се забележува дека мажите во просек умираат 4 години порано од жените. Просечната возраст на починатите мажи е 71,9 година, а кај жените таа изнесува 76,8 години.
Водечка причина за смрт се болестите на циркулаторниот систем, кои се причина за смрт кај 36,7 % од вкупно починатите. Следна причина се неоплазмите (малигни болести) со 19,6 %, а потоа ендокрините, нутритивните и метаболистичките заболувања со 7,7 %. Болестите на респираторниот систем сочинуваат 4,1 % од вкупните случаи.
Минатата година се регистрирани и 47 смртни случаи кај доенчиња, што претставува 0,2 % од вкупниот број починати.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Карпош и Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улицата Марко Крале лоцирани околу објектот бр. 51, општина Бутел;
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, корисниците од улицата Козле лоцирани позади фабриката Реплек, општина Карпош;
– во периодот од 08.35 до 11.00 часот, корисниците од улицата Радишанска, општина Бутел;
– во периодот од 12.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улицата 1439 во населба Пинтија, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска дел од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм – во близина на Макпетрол, без вода ќе останат корисниците од улицата Христо Татарчев лоцирани на потегот од улицата Народни Херои до улицата Франк Харкорд-Манинг, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата
Македонија
Следува период на стабилно време, дневната температура ќе биде во пораст
Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 2, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно време, освен во вторник кога кон крајот на денот претежно во североисточните делови ќе има услови за повремен локален дожд. Утрата ќе бидат постудени, а дневната температура ќе биде во пораст.

