Македонија
Зголемен интензитет на сообраќај

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини, од македонската страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ.
Автопатот Миладиновци – Штип, секција Миладиновци – Кадрифаково и Кадрифаково – Миладиновци не е пуштен за сообраќај. На автопатот се вршат проверки од безбедносен карактер. АМСМ апелира до сите возачи да не го користат автопатот.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Пратениците да го поддржат предлог – законот за укинување на двојазичните декларации“, бара Левица

„Левица го повикува владејачкото мнозинство, на седницата во понеделник, да го поддржи Предлог-законот за измена на Законот за потрошувачи, со кој се укинува обврската за двојазични декларации на производите!“, велат од Левица
„Со овој Закон се исправa неправдата врз македонските производители и потрошувачи, кои со години се соочуваат со административни и финансиски товари наметнати од клиенталистичките политики на режимските партии.
Го повикуваме ДПМНЕ, кои во минатото тврдеше дека Законот за двојазичност е противуставен, сега да застане зад својот став и да гласа за укинување на оваа обврска, која не само што е правно спорна, туку и директно ги оштетува македонските производители и трговци, особено во време на економска криза.
Очекуваме сите пратеници кои вистински се залагаат за интересите на народот да го поддржат овој закон и да стават крај на непотребната бирократска заврзлама која ги става во неповолна положба македонските производители“, соопштуваат од Левица.
Македонија
Утрово најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка

Утрово најстудено било во Берово каде што се измерени -7 степени, -5 било во Крива Паланка, -4 во Крушево, -3 во Виница, -2 во Штип, Маврови Анови и Попова Шапка, -1 во Претор, Прилеп, Кавадарци и Струмица, 0 во Скопје-Петровец, Тетово и Битола, 1 во Скопје-Зајчев Рид, Охрид, Демир Капија и Велес, 3 во Гевгелија,
Висината на снежната покривка утрово во 7 часот била 31 сантиметар на Попова Шапка и 8 во Маврови Анови.
Времето денеска
Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во текот на ноќта ќе има услови за локални врнежи од слаб дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7 степени.
Во Скопје претежно облачно, во делови од котлината со услови за врнежи од слаб дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Максималната температура ќе достигне до 7 степени.
Македонија
Следува период на променливо облачно време со постепен пораст на температурите

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Од вечерните часови и преку ноќта во планинските региони ќе има услови за слаб снег.
Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до 0, а максималната ќе достигне од 3 до 7 степени.
Во Скопје променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Времето во наредните денови
Од утре следува период на променливо облачно време со постепен пораст на температурите. По одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност. Од ноќта кон понеделник ќе има услови за слаб локален дожд, а на планините и на повисоките места повремено ќе провејува слаб снег.