Македонија
Зголемувањето на платите во судството, Обвинителството и во затворската полиција ќе се носи по скратена постапка
Собранието едногласно ја утврди потребата по скратена постапка да се донесат законите со кои се зголемуваат платите за вработените во судската и јавнообвинителската дејност и затворската полиција, информираа од Министерството за правда.
Со законите за изменување на Законот за судската служба и за јавнообивинителска служба вработените ќе зимаат повисока плата за 15 проценти.
Од Министерството образложија дека со Законот за изменувањето на Законот за судската служба се постигнува еднаквост на вработените во приватниот и јавниот сектор, службата како негов дел, со најниските примања преку воспоставување ист износ на законска минимална плата и скалесто усогласување на другите плати на судските службеници од сите нивоа, како и обезбедување континуитет на промените на платите во судската администрација во однос на минималната плата на национално ниво како долгорочна цел.
Законот за изменувањето на Законот за јавнообвинителската служба има цел воспоставување ист износ на законска минимална плата и скалесто усогласување на другите плати на јавнообвинителските службеници од сите нивоа, како и обезбедување континуитет на промените на платите во јавнообвинителската администрација во однос на минималната плата на национално ниво.
Законот за изменувањето на Законот за извршување на санкциите овозможува да се постигне еднаквост во најниските примања на затворската полиција преку воспоставување ист износ на законска минимална плата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

