Контакт

Македонија

Здравствен извештај на ШТАДА за 2022 година

Објавено пред

Влошување на здравствените услови во Европа

dobivaj vesti na viber

Веќе деветта година по ред, мултинационалната корпорација Штада организира испитување на јавното мислење на европската популација по прашањата за здравствените навики и односот кон здравјето. Ова е деветто по ред, а четврто меѓународно истражување што опфаќа повеќе од 30 илјади испитаници на возраст меѓу 18 и 99 години во 15 земји, меѓу кои е и Србија. Истражувањата се спроведуваат како придонес кон здравствената едукација, за подобар увид во здравствените навики и здравствените потреби на пошироката популација. Репрезенатативната онлајн студија за Штада ја спроведе компанијата InSites Consulting.

– Со Здравствениот извештај на ШТАДА настојуваме да дадеме научно верифицирани податоци за да поттикнеме дебати за здравствените трендови и за потребните мерки за поддршка на непроценливата работа што нашите партнери од доверба, без разлика дали се тоа лекари, болници, влади, фармацевти, секојдневно ја вршат за пациентите – вели Петар Голдшмит, генерален директор на ШТАДА.

Со овогодинешното истражување се опфатени 15 земји: Австрија, Белгија, Чешка, Франција, Германија, Италија, Казахстан, Холандија, Полска, Португалија, Романија, Србија, Шпанија, Швајцарија и Обединетото Кралство.

Клучни показатели на Здравствениот извештај на Штада за 2022 година

Пандемијата на ковид 19 од корен го промени начинот на живеење, драстично го здрма здравствениот секотор, го наруши физичкото и менталното здравје и доведе до:

Пад на задоволството од здравствениот систем

Насекаде во Европа значајно опадна процентот на задоволство од услугите што ги даваат националните здравствени системи. Двете години пандемија не беа тешки само за европската популација туку и за нејзините здравствени системи. Оттаму последните три години задоволството од здравствените системи е во постојан пад, и тоа од 78 % задоволни Европејци во 2020 година и 74 % задоволни во 2021 година на само 64 % задоволни Европејци во 2022 година.

Влошување на менталното здравје

Нивото на стрес расте, квалитетот на сонот е полош, а секој шести Европеец чувствува дека е на раб на согорување. Што се однесува до општото ментално здравје, секој трети Европеец тврди дека му се влошило менталното здравје, а особено се загрижени граѓаните на Австрија – 37 %, Италија 35 % и Португалија – 35 %.

Резултатите на истражувањето во Србија покажуваат дека нивото на стрес кај 40 % од граѓаните се зголемило од појавата на пандемијата, што е над глобалниот просек што изнесува 37 %. Поради стравот од корона, 1/3 полошо спијат, а 27 % се жалат дека им се влошило менталното здравје и 21 % дека се помалку среќни во приватниот живот од порано.

Зошто не спијат Европејците?

Секојдневите проблеми најмногу го нарушуваат сонот на Полјаците – 47 % и Шпанците – 40 %, ама и на граѓаните на Србија – 34 %, кои дополнително ги мачат и стравови и лоши мисли – 31 %, што е над глобалниот просек од 26 %. Италијанците најмногу ги мачи анксиозност, па дури 42 % ноќе се будни поради грижата за пари. На 21 % Британци сонот им го нарушуваат уринарни проблеми, додека на 18 % Германци им пречи вревата од околината.

Согорување на работа – дополнителна закана за менталното здравје

Самопроценетото ниво на согорување – кај луѓето што искусиле таква состојба или веруваат дека се на работ на согорување – достигнало највисоко ниво од 59 % во просекот на сите времиња во Европа. Населението на источноевропските земји се чувствуваат посебно загрозени, па така 20 % од граѓаните на Србија тврдат дека доживелае согорување на работа, додека 21 % имаат чувство дека се на раб да го доживеат тој вид слом, што е над глобалниот просек од 15 %. Романците се чувствуваат уште позагрозени, 31 % од нив веќе доживеале такво искуство, а во Полска, дури 70 % истакнуваат дека го искусиле чувството на согорување барем еднаш во животот.

Жените се позагрозени. Од жените, 65 % чувствуваат дека се во ризик од согорување, додека кај мажите процентот е 53 %.

Ковид го наруши здравјето на нековид пациентите

Поради стравот од ковид-инфекција, закажаните лекарски контроли во текот на пандемијата на ковид ги откажале 37 % Романци, 36 % Чеси, исто толку Италијанци и 30 % граѓани на Србија, што е значително над глобалниот просек од 24 %.

Истовремено, закажувањето преглед во текот на пандемијата кај општ лекар, во анкетата е обележано како „вистински предизвик“ во неколку земји, меѓу кои е и Србија.

Добри вести од Здравствениот извештај за 2022 година

Расте процентот на Европејци кои настојуваат да живеат здрав стил на живот.

Се хранам поздраво – велат 50 % Шпанци и 48 % Срби, што е значително над глобалниот просек од 40 %. За подобрување на исхраната помалку се грижат Британците 30 % и Белгијците 31 %.

Го зголемив внесот на додатоци на исхраната, витамини и минерали – на прво место се Чесите 49 %, Полјаците 45 %, како и 37 % од граѓаните на Србија, што е значително над глобалниот просек од 26 %. На поголем внес на суплементи не се склони Французите – 17 % и Шпанците – 14 %.

Дисциплинирано ги следам советите на лекарот – велат 40 % Португалци и 30 % Шпанци, што е значително над глобалниот просек од 25 %. Кога се во прашање граѓаните на Србија, со ова се пофалиле 23 %.

Се грижам повеќе за квалитетот на животот и посетувам часови по фитнес, истакнуваат 18 % Полјаци и 17 % Италијанци, за разлика од вкупно 4 % од граѓаните на Србија кои се пофалиле со наведените активности.

Аптека на иднината: спојување на најдоброто

Здравствениот извештај на Штада за 2022 година покажува и дека Европејците остануваат верни на малопродажните аптеки, и покрај растечката конкуренција на онлајн продажбата. Во Европа и понатаму 56 % од корисниците физички посетуваат аптека повеќе пати месечно, од коишто 27 % повеќе пати неделно. Европејците сакаат и го ценат советот на аптекарот, па индивидуалното советување се смета за интегрална и важна услуга. Веднаш зад индивидуалното советување, во анкетата како посакувана е означена можноста за онлајн нарачување лекови од локална аптека (33 %). Така резултатите од здравствениот извештај сугерираат дека главен предизвик во блиска иднина за аптеките би било изнаоѓање начини да се комбинираат барањата, што лесно може да се постигне со поволностите што ги нуди дигиталната доба.

– Tоа што за здравјето се грижиме како доверлив партнер, бара од нас да ги поделиме резултатите од истражувањето и да разговараме за овие сознанија со фармацевтите и сите други заинтересирани страни во областа на здравствената заштита насекаде во Европа, и на тој начин да придонесеме за подобар пристап на пациентите до вискоквалитетна здравствена заштита – заклучува Петар Голдшмит, генрален директор на Штада

ПР

Македонија

Семејството на Мицкоски никогаш не го користело владиниот авион, ама затоа Заев бил со семејството на одмор во Амстердам, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Објавено пред

Од

Семејството на премиерот Христијан Мицкоски никогаш не го користело владиниот авион. Но, очигледно е дека работи фројдовскиот елемент кај СДС, и тие на тој начин самите се издаваат дека Зоран Заев летал со целото семејство во Амстердам на одмор и дека најчеста дестинација на авионот била Ниш во времето на владите на СДС, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ, на соопштението од СДСМ во кое бараат да кажат кој летал со владиниот авион.

dobivaj vesti na viber

„Го поздравуваме интересот на СДС во однос на темата со владиниот авион, бидејќи самата тема покрај ситно политичките поени кои сака да ги добие СДС што секако ги занемаруваме, отвора и други значајни аспекти. Треба СДС пред да влезе во материјална и теснограда расправа за владиниот авион да биде свесна дека ние сме држава врз која има еден нерасветлен атентат врз претседател, и уште еден инцидент на трагично загинат претседател на држава и тоа со владино летало. Актуелното владино летало од кое СДС и Венко Филипче правват евтин сензационализам е старо 20 години, купено 2005тата година и од 2017та до сега се потрошени околу 4 милиони евра за поправки“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Воедно, додаваат од партијата, индикативно и би можело да се оцени за крајно лицемерно е поведението на лидерот на СДС Венко Филипче кој зад затворени врати го поддржа купувањето на новиот владин авион, а во јавноста се противи поради ситен партиски интерес и гол популизам.

„Кој Венко се противи, тој кој во 4 ѕида вели купете авион, или тој кој пред микрофони вели не купувајте авион, дадете пари за минимална плата? Ова се вика дефиниција за лицемерие. СДС шири лажни вести“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Кривични против претседатели и вработени во Здружението на инвалиди на трудот – Штип, си присвоиле над 300.000 денари

Објавено пред

Од

Полицијата поднесе кривични пријави против поранешни претседатели и вработени во Здружението на инвалиди на трудот – Штип за сторени продолжени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „измама при добивање кредит или друга погодност“.

dobivaj vesti na viber

СВР Штип поднесе кривична пријава против Ј.В.(83), В.Џ.(80) и Т.А.(68), сите од Штип, поради постоење основи на сомнение дека сториле продолжено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ и продолжено кривично дело „измама при добивање кредит или друга погодност“, како и против З.С.(44) од Штип поради постоење основи на сомнение дека сторила продолжено кривично дело „измама при добивање кредит или друга погодност“.

Првите тројца пријавени, во периодот од септември 2012 година до октомври 2024 година, во својство на претседатели на Здружението на инвалиди на трудот – Штип, дневниците кои четвртопријавената З.С. ги заработувала како секретар на здружението, ги префрлале на трансакциска сметка на нејзината мајка за да не ѝ биде ускратено правото кое го имала на социјален детски и образовен додаток.

З.С., со лажно прикажување на факти, го довела во заблуда и новиот претседател на здружението дека има долг кон нејзината мајка и во име на здружението склучила договор за отстапување на побарување со нејзината мајка, а откако починала мајка ѝ, и со нејзината ќерка склучила ист договор.

Исто така, првопријавениот и второпријавената вршеле плаќања за себе и други лица за седници кои не биле одржувани, а исплаќале и еднократна финансиска помош на лица на кои не им следувала таква помош.

Третопријавениот склучил договор за закуп на станбен простор во периодот додека траел огласот за изнајмување на станбен простор, односно без да бидат разгледани сите поднесени барања.

Тој во неколку наврати од службената сметка на својата трансакциска сметка си исплаќал парични средства, а извршил и незаконска исплата на парични средства на правно лице за наводно извршена угостителска дејност.

Со овие дела, првите тројца пријавени го оштетиле буџетот на здружението во вкупен избнос од 297.730 денари, а на четвртопријавената ѝ овозможиле да се стекне со противправна имотна корист од 88.234 денари.

Прикажи повеќе...

Македонија

Казни за четири градилишта во Центар, нулта толеранција за прекршување на прописите, порача Герасимовски

Објавено пред

Четири градилишта во општина Центар се казнети поради незаконско зафаќање јавни површини со градежен шут и материјал што претставува опасност за движењето на пешаците и одвивањето на сообраќајот, извести Општината.

dobivaj vesti na viber

Во рамки на редовните инспекциски контроли, општинските инспектори изготвија записници и издадоа прекршочни налози за градилишта на улиците „Златко Шнајдер“, „9 Мај“, „Дебарца“ и „Васил Стефановски“, информираат од општина Центар.

Паричните санкции за овие прекршоци изнесуваат од 1.300 до 1.800 евра.

Градоначалникот Горан Герасимовски порача дека надзорите продолжуваат со несмален интензитет.

„Редовно ја следиме состојбата на сите активни градилишта во Општина Центар. Нулта толеранција ќе има за сите што ги прекршуваат законите и го нарушуваат јавниот простор“, рече Герасимовски.

Инспекциските контроли на градилиштата продолжуваат како континуирана мерка за одржување на чист и функционален урбан простор, додаваат од општина Центар.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 минути

Семејството на Мицкоски никогаш не го користело владиниот авион, ама затоа Заев бил со семејството на одмор во Амстердам, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Семејството на премиерот Христијан Мицкоски никогаш не го користело владиниот авион. Но, очигледно е дека работи фројдовскиот елемент кај СДС,...

Македонија17 минути

Кривични против претседатели и вработени во Здружението на инвалиди на трудот – Штип, си присвоиле над 300.000 денари

Полицијата поднесе кривични пријави против поранешни претседатели и вработени во Здружението на инвалиди на трудот – Штип за сторени продолжени...

Македонија2 часа

Сопствениците на кучиња да го почитуваат законот и да ги микрочипираат милениците, апелира АХВ

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) апелира до сопствениците на домашни миленици – кучиња за исполнување на законската обврска за...

Економија2 часа

Николоски: Воведовме 23 нови линии во авиосообраќајот, имаме рекордна бројка на патници, а годинава очекувам да порасне над 4 милиони патници

Од изборот на Владата до денес имаме нови 23 директни летови, охридскиот и скопскиот аеродром поминаа 3,5 милиони патници, оваа...

Европа3 часа

(Видео) Зеленски: Десетици илјади Украинци загинаа за Донбас, не се работи за земјата, туку за луѓето

Претседателот Володимир Зеленски вчера повтори дека Украина нема да отстапи територија на Русија, ниту да се повлече од областите што...

Регион4 часа

(Видео) Дете висеше од ски-лифт на Јахорина па падна, скијачите се обидоа да го фатат

Вчера, дете падна од жичницата на планината Јахорина во Босна и Херцеговина откако некое време висеше држејќи се за седиштето....

Свет4 часа

Утре прв состанок на Одборот за мир на Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп утре ќе претседава со првиот состанок на Одборот за мир, во сенка на нерешени прашања за...

Свет4 часа

Една третина од американската морнарица е во близина на Иран: објавено кога би можел да започне нападот

Американската војска е подготвена да го нападне Иран уште овој викенд, иако претседателот Доналд Трамп сè уште не донел конечна...

Македонија5 часа

Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес е нормализиран во двете ленти

Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес е нормализиран во две коловозни ленти, извести АМСМ. Интензитетот на сообраќај на...

Свет5 часа

(Видео) Една од најсмртоносните лавини во историјата на САД: oсум скијачи загинаа, еден е исчезнат

Осум скијачи загинаа, а еден е исчезнат во лавина во планините Сиера Невада во Калифорнија, соопштија властите во среда, во...

Македонија18 часа

Законот за високо образование нема да биде повлечен, јавнaта расправа продолжува

Министерката за образование и наука Весна Јаневска на пленарна седница изјави дека нема да го повлече нацрт-законот за високо образование....

Македонија18 часа

Гоце Наумовски стана нов уставен судија

Собранието со 63 гласа „за“, седум „против“ и без воздржани го избра професорот Гоце Наумовски за нов уставен судија, по...

Македонија21 час

Владата нема да купува нов авион: ќе се повлечеме од набавката и ќе се молиме да останеме живи, вели Мицкоски

Владата се откажа од набавка на нов авион на што се одлучи оти стариот е дотрајан и претставува голем трошок...

Македонија23 часа

(Видео) За Мицкоски контролата на цените не е популизам, туку заштита на граѓаните, најави праведност и кон оние што се обидуваат да профитираат од кризите и кон оние што избегнуваат обврски

Денешната конференција за формализирање на неформалната економија не е само експертска расправа. Таа е разговор за праведност во општеството. За...

Македонија24 часа

(Фото) Изгореа викендица и куќа, се запали оџак: три интервенции на струмичките пожарникари

Струмичките пожарникари денеска уште во раните утрински часови имаа три интервенции. Во 06.55 часот, во излетничката населба Суви Лаки, запалена...

Македонија1 ден

„Парите за боледувања доцнат – дали Клековски манипулира дека се редовни или фондот е празен“, прашува Левица

„Изминатиот период сѐ повеќе граѓани нѐ информираат дека одреден период Фондот за здравствено осигурување не врши навремена исплата на средства...

Македонија1 ден

(Фото) На повеќе локации низ Скопје паднаа дрвја, Ѓорѓиевски: Екипите се на терен, реагираме навремено

Поради засилениот ветер и неповолните временски услови, на повеќе локации низ градот беа регистрирани паднати и оштетени дрвја. Градоначалникот Орце...

Македонија1 ден

(Фото) Силниот ветер откорна покрив во училиште во Гевгелија

Преку Единствениот број за итни повици 112 е примена пријава дека поради силен ветер летнала лимената конструкција од покривот на...

Македонија1 ден

Сè помалубројни, постари и понеисправни автобуси во кои се возат сè помалку патници, покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации

Центарот за граѓански комуникации ги објави истражувањето и базата на податоци за капацитетите на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје. Нивното истражување...

Македонија1 ден

Мицкоски да одговори кој бил со него во владиниот авион, бара СДСМ

Луксузирањето на Мицкоски врз грбот на граѓаните и летањето со владин авион на Јадранско море го покажа вистинското лице на...