Македонија
(Видео) Здружението на граѓани „Преродба“ бара оставка од Владата
Здружение на граѓани „Преродба“ ги повикува сите граѓани кои сакаат да им се приклучат денеска пред Собранието на Република Македонија и заедно како што велат протестно да го чествуваат најголемиот национален и државен празник – Денот на независноста.
„Токму на Денот на независноста, ќе го пратиме отвореното барање до Власта со барање за нејзина оставка, поради тоа што оваа власт ја прави државата зависна од разни фактори, што и го руши легитимитетот, дигнитетот, суверенитетот и сите особености на независна држава и за да не причинува понатамошни штети на државата и за нејзината независност. И даваме рок од 48 часа да си поднесе оставка. Доколу не го стори тоа ќе постапиме по оперативниот план и стратегија со сите мирољубиви, дозволени, ненасилни и демократски средства, сè до поднесувањето на оставката“, се наведоа претходно од здружението.
Исто така, тие бараат и мораториум на еднострано политиканско решавање на македонските прашања, од здружението потенцираат дека ќе има и свечено потпишување на декларација на Македонскиот народ за неговите црвени линии и Стратегија за зачувување на името на Република Македонија и на македонскиот идентитет, јазик, историја и култура.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 11.00 часот корисниците на ул. 368 бр.3 (општина Кисела Вода)
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 200 метри на патниот правец Тетово – Гостивар, Сарамзалино – Штип 100 метри, намалена видливост до 200 метри на патниот правец Куманово – Страцин.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода дел од Карпош
ЈП Водовод и канализација Скопје известува дека денеска поради промена на шибер од ф 100мм на улицата Драгиша Мишовиќ бб без вода ќе бидат корисниците од улицата Драгиша Мишовиќ.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.

