Македонија
Земјава издвојува најмалку финансиски средства за правна помош
Денеска, се одржа јавна промоција на проект за правна поддршка на ранливи жртви на насилни кривични дела, имплементиран од страна на Македонското здружение на младите правници (МЗМП) во партнерство со СОС Детското село – Македонија. Главната цел на овој проект е да се подобри пристапот до правда за жртвите на насилни кривични дела преку воспоставување национален сервис за правна и психосоцијална поддршка. Специфични целни групи за сервисот за поддршка на жртви на насилни кривични дела се: деца, лица со попреченост, постари лица и жени.
На настанот се обратија претседателот на Македонското здружение на младите правници, Зоран Дранговски, националната директорка на СОС Детското село – Македонија, Јулијана Накова-Гапо, заменик-министерот за правда, Оливер Ристовски, претставникот на Делегацијата на ЕУ во земјата, Фреек Јанмаат, и проектниот менаџер Светлана Црвенковска.
Претседателот на Македонското здружение на младите правници, Зоран Дранговски, посочи дека општеството, единствено може да напредува доколку сите негови фактори напредуваат рамномерно и наша должност е да обезбедиме дека никој нема да се почувствува сам на овој пат. Тој порача дека за здружението е важно да ги идентификува жртвите на насилни кривични дела, да ги зајакне преку правната заштита и да им овозможи да чекорат заедно со другите.
„Својот придонес и влог СОС Детското село ќе го овозможи преку ставање на располагање на своите ресурси, искуства и ангажирање советници за психосоцијална поддршка, кои во соработка со проектниот тим и МЗМП ќе придонесат кон остварување на специфичната цел, која се однесува на овозможување психосоцијална поддршка на жртвите, односно да се овозможи интервентна помош и поддршка во моментот кога им е најпотребна, а тоа се децата, лицата со попреченост, жените, постари лица и др., кои се жртви на разни видови насилство, со цел да се справат со тоа и со последиците од насилството врз нивното психофизичко и социјално здравје“, дополни националната директорка на СОС Детското село – Македонија, Јулијана Накова-Гапо.
Министерството за правда постојано се заложува за подобрување на системот за поддршка на жртви на насилни кривични дела, рече заменик-министерот за правда, Оливер Ристовски. Тој истакна дека Министерството во изминатиот период работело на измени и дополнувања на неколку закони кои може да помогнат во обезбедување подобра заштита за жртвите притоа нагласувајќи ги Законот за кривичната постапка, Кривичниот законик, Законот за правда за децата, но и носењето на новиот закон за бесплатна правна помош. Од особена важност е и подготовката на законот за надоместок на жртвите од кривични дела како еден од приоритетите на Министерството и нагласи дека тој ќе биде реализиран до крајот на тековната година.
Фреек Јанмаат, претставник на Делегацијата на ЕУ во РСМ, упати дека правото на правна помош е важно и признаено во многу меѓународни документи и законодавството на ЕУ. Република Северна Македонија е една од земјите членки на Советот на Европа, која издвојува најмалку финансиски средства за правна помош и дека тоа во иднина би требало да се промени. Сепак, добро е што земјата покажува постојана определба за унапредување на правниот систем. Се очекува дека тековната реформа на правниот систем и напорите на Министерството за правда, факторите од правосудството и граѓанскиот сектор, како и овој проект, ќе обезбедат побрз, полесен и подобар пристап до правда и ќе ги поддржат жртвите на насилни кривични дела кон кои треба да се однесуваме со почит.
Координаторот на проектот, г-ѓа Светлана Црвенковска, подетаљно ги изнесе целите, активностите и очекуваните резултати од проектот. Притоа посочи дека најважна е соработката на сите фактори во системот за заштита на жртви на насилни кривични дела кои треба во фокус да ја стават самата жртва и да ѝ обезбедат целосна заштита, правна помош и психосоцијална поддршка, безбедна средина и нормален живот по завршувањето на правните постапки.
Проектот за поддршка на жртви на насилни кривични дела е финансиран од Европската Унија преку Министерството за финансии.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Бесплатен интернет во новиот парк-плоштад во Марино
Општина Илинден во соработка со Германската агенција за меѓународна соработка (ГИЗ) започна со реализација на активностите за поставување бесплатна јавна WiFi мрежа на новиот парк-плоштад во Марино.
„Проектот е дел од иницијативите за унапредување на дигиталната поврзаност во регионот на Западен Балкан и претставува значаен чекор кон модернизација на јавните простори и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните. Со имплементацијата на оваа услуга, посетителите на парк-плоштадот ќе имаат можност за бесплатно и неограничено користење на интернет, овозможувајќи полесна комуникација, пристап до информации и дигитални услуги додека уживаат во погодностите на овој урбан простор“, велат од Општината.
Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, истакна дека дигитализацијата на локално ниво претставува стратешки приоритет на општината, при што нагласи дека континуираното вложување во паметни и иновативни решенија е насочено кон создавање модерна, функционална и урбана средина, која одговара на потребите на граѓаните и на современите општествени текови.
Македонија
Општина Битола објави повик за доделување финансиски средства на спортски клубови, спортски здруженија и спортисти
Општина Битола го објави јавниот повик за доделување на финансиски средства од буџетот на општина Битола на спортски клубови, спортски здруженија и спортисти за 2026 година.
Право на учество на јавниот повик ќе имаат спортски клубови, спортски здруженија, спортисти во сениорски и младински категории, како и другите физички и правни лица од областа на спортот чиешто регистрирано седиште, односно живеалиште се наоѓа на подрачјето на Општина Битола.
Пријавите треба да се достават до Општина Битола преку пошта на адреса; Општина Битола, Булевар 1 –ви Мај број 61, 7000 Битола или да се достават во архивата на Општина Битола од 07:30 часот заклучно со 15:30 часот до последниот ден од Јавниот оглас.
Рокот за поднесување на пријавите започнува од 25.02.2026 година и трае заклучно со 11.03.2026 година.
Пријавите од јавниот повик ги разгледува Комисијата за млади и спорт од Советот на Општина Битола и согласно критериумите ја одбрува висината на финансиската поддршка. Финансиската поддршка согласно програмата за активностите во областа на спортот и младите во Општината Битола за 2026 изнесува 2.000.000,00 денари за спортски клубови/спортски здруженија и 1.000.000,00 денари за индивидуални спортисти.
Повеќе за јавниот повик на следниот линк: https://www.bitola.gov.mk/sportski-klubovi-zdruzenija-i-sportisti/
фото/ Depositphotos
Македонија
Заев поднесе тужби против Бране Петрушевски и Жан Митрев
Поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев поднел тужби против Бране Петрушевски и Жан Митрев за како што вели, клевета и нарушување на чест и углед.
„Поднесени се тужбите против Бране Петрушевски и Жан Митрев за клевета и нарушување на чест и углед.
Не постои никаква дилема дека ќе се докаже лагата и на двајцата.
Надоместокот од добиените тужби ќе оди за децата без родители и лицата со посебни потреби“, објави Заев на социјалните мрежи.

