Македонија
Земјотресите во Албанија почувствувани и во Охрид, Струга и Ресен

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денеска регистрира серија земјотреси чии епицентри се наоѓаат на 150 km јужно од Скопје во соседна Албанија и потекнуваат од епицентралното подрачје Корча.
Најсилниот земјотрес во 16 часот и 21 минути со локална Рихтерова магнитуда ML4.4, беше почувствуван особено во Охрид, Струга и Ресен со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала. Во Битола, Гевгелија и околината земјотресот беше почувствуван со интензитет од III степени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
СДСМ: Дали градоначалникот Стефковски се јавувал во МВР за ослободување на својот брат?

Додека јавноста реагира за скандалот со братот на градоначалникот Бобан Стефковски кој дивееше по скопските улици а беше ослободен од МВР, се поставува прашањето кој ќе сноси политичка одговорност, прашува СДСМ.
„Дали лично градоначалникот Стефковски се јавувал во Министерството за внатрешни работи за да изврши притисок за ослободување на неговиот брат? Граѓаните заслужуваат чесно, одговорно и транспарентно раководење, а не злоупотреба на позицијата за заштита на привилегирани функционери, роднини и пријатели на ДПМНЕ. Тошковски беше принуден јавно да го признае скандалот со братот на Стефковски откако беше фатен жив, но граѓаните не се наивни, знаат дека да не го објавеше СДСМ ќе се криеше и понатаму и никој немаше да биде сканкциониран“, велат од партијата.
Од СДСМ прашуваат кој ќе ја преземе сега политичката одговорност за овој скандал?
Македонија
ВЛЕН: ДУИ едно зборува јавно, друго прави зад завесите

ДУИ едно зборува јавно, друго прави зад завесите. Така, Ахмети во кампањата во мачо стил делеше “гурабии и кекси”, за после, кога го виде резултатот, да се понуди со четири министерства, без претседател на Собрание, за да влезе во Влада наместо ВЛЕН. Јавно се закануваа со „чизми на таванот“, а по налог на СДСМ на улиците апсеа невини Албанци само затоа што се осмелија да ја бранат вистината за модуларната болница, велат од ВЛЕН.
„Ако некој директно работел против интересите на Албанците, тоа се Али Ахмети и кројачот на дворски игри, Бујар Османи – човекот што го донесе Лавров во Скопје, што делеше тендери за рента-кар како бакшиш за своите луѓе и раздаваше дипломатски пасоши на кого стигне, вклучувајќи ја и Татјана Димитровска, денес осомничена за оддавање службени тајни во случајот „Адитив“. Само политички слепци не гледаат дека ако локалните и парламентарните избори се одржат заедно, ВМРО-ДПМНЕ ќе победи со над 60 пратеници. ДУИ не извлече никаква поука. Напротив, продолжува да ја зајакнува ВМРО-ДПМНЕ со лаги за наводна деалбанизација, плашејќи го сопствениот народ со празни приказни“, велат од партијата.
Но Албанците не се наивни, велат од ВЛЕН, знаат дека „Пржинска влада“ им треба на ДУИ само за едно нешто: за да го спасат криминалот на Али Ахмети и да ги сокријат досиејата што секој ден излегуваат на виделина.
„ДУИ денес личи на уплашен ученик кој ја заборавил домашната задача, трча од еден на друг крај барајќи спас, затоа што знае дека без контрола врз МВР и државните институции, тие се ништо. Но времето на уцени заврши. На фер и демократски избори, ВЛЕН нема само да ја избрише ДУИ од политичката мапа, туку конечно ќе ја испрати таму каде што одамна ѝ е местото, во политичката историја“, велат од партијата.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче сака власт за да ја имплементира неговата разработена шема – евро за Вицето?

Венко Филипче отворено призна дека до милиметар ги следи политиките на неговиот претходник и ментор, Зоран Заев. Филипче, исто така, тврди дека нема друг како Заев, треба да се искористи неговото искуство и дека од неговите методи народот треба да учи, обвинија од ВМРО-ДПМНЕ.
„Еден од методите на функционирање и работење во периодот на владеење на Зоран Заев, беше методот евро за Вицето. Тоа беше начин на кој Заев ги рекетирал граѓаните додека го водеше градот Струмица. Немаше инвестиција да помине во градот, а Заев да не побара евро за брат му, Вицето. Цела јавност го слушна Заев како вели дека сите во Струмица на кои им легализирал објекти, плаќале по истата шема – евро за Вицето. Ова ли е искуството и методот на работа на Заев, на кој Филипче се воодушевува? Дали Филипче учи од Заев кој ја ограби Македонија и кој после си донесе измени на Кривичниот законик со цел да не одговара за ништо? Учи ли Венко Филипче од неговиот ментор и учител, Заев, како да рекетира? Следствено на ова, се покренува прашањето се бори ли Филипче за власт, за да може да го имплементира методот на неговиот претходник и учител Заев, евро за Вицето?“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Но, од друга страна, велат од партијата, добро е што Филипче јавно и јасно им стави до знаење на граѓаните, за никој да нема дилема дека тој е ученик и послушник на Заев, кого го интересира само да се дограби до власт за да ги применува неговите методи и добро разработени рекетарски шеми, со кои ја ограби и опустоши Македонија.