Македонија
Земјотрес почувствуван во Гевгелија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес 12.03.2023 година регистрираше земјотрес 123 km југоисточно од Скопје кој потекнува од епицентралното подрачје Гевгелија – Гуменџа.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата земјотресот се случи во 8 часот и 50 минути со Рихтерова локална магнитуда ML3.1 и интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала, а беше почувствуван од населението во Гевгелија, Валандово, Богданци, Неготино, Кавадарци и околината.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) СДСМ поднесе амандман за трагедијата во Кочани, 934 милиони денари помош за настраданите

Пратеничката група на СДСМ и коалицијата поднесе амандман во Собарнието со кој се бара финансиска поддршка за семејствата на загинатите и повредените во најголемата трагедија во поново време — пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде што загинаа 62 лица, а над 250 беа повредени со трајни последици.
– Ова е еден од клучните амандмани поднесени на ребалансот на Буџетот, со цел да се предвидат 934.340.000 денари како директна помош за погодените семејства. Средствата предвидуваат еднократен надомест за загинатите и финансиска поддршка на повредените, во согласност со степенот на инвалидност – рече пратеникот на СДСМ Оливер Сапсовски на денешната комисиска расправа за ребаланс на буџетот.
Сапсовски потенцираше дека овој амандман е продолжение на иницијативата на СДСМ за носење на Законот за поддршка на настраданите во Кочани — закон што сè уште чека да биде разгледан во надлежната комисија.
– Очекувавме разбирање, солидарност и човечност во оваа постапка, особено затоа што се работи за директна помош на луѓе кои преживеаја хорор, а многу семејства загубија најмили. За жал, власта реши да не покаже ниту политичка ниту човечка волја да застане зад оваа иницијатива. Наместо единство и одговорност, видовме блокада и игнорирање на најголемите страдања на нашите граѓани – потенцираше Сапсовски.
Додаде дека СДСМ останува цврсто посветен на принципите на солидарност и хуманост. Подготвени сме да ги повлечеме сите останати амандмани, доколку власта се премисли и го прифати овој – затоа што веруваме дека нема поважна тема од оваа, рече тој.
– Ниту едно патче, ниту еден канал, ниту едно вработување не е поважно од тоа да помогнеме таму каде што болката е најголема. Ова не е прашање на политика, туку прашање на човечност. Повторно повикуваме на разум и солидарност. Народот во Кочани и цела Македонија заслужува да знае дека институциите не се глуви на нивната болка – рече Сапсовски.
Македонија
(Видео) Хеликоптерите на МВР со над 70 тони вода го гаснеа пожарот кај Блаце

Во рамките на денешните активности полициските службеници од Хеликоптерската единица за полициски намени при Министерството за внатрешни работи активно учествуваа во гаснењето на шумскиот пожар во реонот на Блаце.
Со два хеликоптера – „бел 412“ и „агуста бел 212“, во текот на денот беа извршени 55 налети, при што беа исфрлени повеќе од 70 тони вода врз зафатеното подрачје.
Интервенцијата е дел од координираните напори на надлежните институции за справување со пожарот и спречување негово ширење.
Македонија
Минчев: Воведуваме нов, функционален систем за управување со човечки ресурси

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, денеска на презентацијата на модернизираниот Информациски систем за управување со човечки ресурси (ИСУЧР), упати јасна порака дека владеењето на нефункционалност, нетранспарентност и бирократски хаос завршува. Македонија влегува во нова ера на ефикасна и отчетна администрација.
„Денес не претставуваме само софтверско решение, денес презентираме симбол на одлучност, на трансформација и на нова култура на управување во јавниот сектор. Ова е вистинска разлика меѓу претходната пракса на запуштени системи и оваа влада која испорачува резултати,“ – порача министерот Минчев.
ИСУЧР беше речиси нефункционален, користен од помалку од 100 институции од вкупно 1.400, со застарена технологија и без државна сопственост врз кодовите.
„Тоа беше систем што не служеше на никого, освен на оние кои профитираа од неговата нефункционалност“ – рече Минчев.
Тој истакна дека денес, благодарение на политичката волја на Владата, на поддршката од премиерот Христијан Мицкоски и министерката за финансии, Гордана Кочоска Димитровска и со посветена работа на тимот на Министерството за јавна администрација, ИСУЧР е целосно обновен, функционален и, за првпат, во целосна сопственост на државата.
Сите институции во јавниот сектор ќе го користат ИСУЧР целосно бесплатно, без скриени договори или надворешни зависности.
Системот е безбедносно унапреден, со интегрирани функции за:
• Централизирана пресметка на плати,
• Дигитално управување со човечки ресурси,
• Мобилност и кариерен развој во реално време,
• Интероперабилност со УЈП, АВРМ и Централен регистар.
ИСУЧР нуди директен пристап на секој вработен до своето електронско досие, со сите податоци за плати, обуки, оценувања и напредувања. Тоа значи крај за загубени документи и дискрециони третмани.
„Со оваа модернизација на системот, Македонија штеди милиони евра, го елиминира ризикот од корупција и го воведува принципот на системска отчетност. До крајот на 2026 година, сите 1.400 институции ќе бидат интегрирани во системот. Едно решение. Еден систем. Една држава. Тоа е патот до стабилност, ефикасност и европски институционален модел.“ – истакна Минчев.
Дополнително нагласи дека секој вработен во администрацијата ќе помине задолжителни обуки за користење на новиот систем, а на располагање ќе има и видео-упатства и техничка поддршка. Системот ќе се ажурира на секои шест месеци, согласно реалните потреби и технолошкиот напредок – првпат во историјата на македонската администрација.
„Ова не е само техничка надградба. Ова е реформа со резултати. Ова е разликата меѓу претходната и сегашната Влада. Претходните импровизираа – ние реализираме.
Претходните тонеа во хаос – ние градиме институции.“
Со ИСУЧР како срце на јавна администрација, Министерството за јавна администрација испраќа јасна порака дека граѓаните заслужуваат институции што работат за нив, праведно и транспарентно.