Македонија
Зечевиќ – Еванс: Продлабочување на соработката меѓу СДСМ и Лабуристичката партија
Денеска, во Лондон се одржа средба меѓу генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ Вардарски и генералниот секретар на Лабуристичката партија, Давид Еванс, извести СДСМ.
Како што соопштуваат од партијата, на средбата се разговарало за продлабочување на соработката меѓу СДСМ и Лабуристичката партија како две сестрински партии, членки на ПЕС (Партија на европски социјалисти) во пресрет на изборите во двете земји.
Лабуристичката партија силно ги поддржува прогресивните политики кои придонесуваат за економски и демократски развој, стратешките определби и рефромските процеси во земјава кои ги спроведува СДСМ, додаваат од партијата.

-Благодарни сме за поддршката којашто Лабуристичката партија ја дава за концептот и политиките на СДСМ, тоа е многу значајно за нас. Заклучоците од оваа средба ги сметам како основа за продлабочување на соработката, за изнаоѓање на најдобрите модалитетите на помош и поддршка за време на кампањата, но и во иднина, како нов инпулс во односите меѓу двете сестрински партии, рече Зечевиќ.
Во рамки на меѓународните работните актвности, генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ Вардарски учествува и на состанокот на 50 генералнии секретари на членките на Партијата на европски социјалисти (ПЕС) којшто се одржува во Лондон, Велика Британија, се наведува во соопштението на СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Снегот се натрупува, движењето по улиците низ Чаир и Бутел отежнато
Движењето на возилата по булевар „Христијан Тодоровски Карпош“ во Бутел е отежнато, а снегот се натрупува. Нема трага ниту од сол на патот, ниту од служби, велат жителите.
Македонија
Забрани за камиони на планинските превои Ѓавато, Пресека, Маврово – Дебар и Струга – ГП Ќафасан
Забрани за тешки товарни возила на планинските превои Ѓавато, Пресека, Маврово – Дебар и Струга – ГП Ќафасан, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Делови од Сопиште и Илинден денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека за денеска се планирани два прекини и тоа:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците на дел од село Добри Дол. (општина Сопиште)
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците во село Кадино кон црквата Св.Илија, улица 6. (општина Илинден)

