Македонија
Зечевиќ од Демир Хисар: Современиот македонизам е европската перспектива
Дојде време современиот македонизам да го кренаме на следно ниво, тоа е европската перспектива, порача од Демир Хисар генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ кој денеска ги продолжува теренските активности и посети ширум републиката.
На средба со членови и симпатизери, Зечевиќ рече дека секој социјалдемократ е горд затоа што е дел од нитките на државотворноста, на македонската државност и повика на општествено, семакедонско обединување околу европската иднина.
-Современиот македонизам е европската перспектива. Ние, социјалдемократите го одбравме патот на просперитетот, на иднината, на европска Македонија во европското семејство, рамноправна, рамо до рамо, достоинствена, со сите национални обележја за коишто чезнееле и фантазирале генерации просветители, преродбеници, илинденци, социјалисти и антифашисти, сите. На тој пат потребно е вистинско и суштинско семакедонско обединување, тоа е иднината на Македонецот. Вие, граѓаните не Дамир Хисар добро ме разбирате и знам дека целосно се согласувате. Ликот и делото на Дамјан Груев се гордост за Смилево, за Демир Хисар, за сите нас. Споменот за Груев е вечен, но исполнувањето на неговиот аманет е значењето на современиот македонизам, рече генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Земјотрес почувствуван во Македонија
Утрово во 7 часот и 20 минути беше почувствуван земјотрес на територијата на Македонија, објави ЕМСЦ.

Според ЕМСЦ земјотресот бил со јачина од 3.1 степени според Рихтер.
#Earthquake (#земјотрес) possibly felt 24 sec ago in #RepublicofNorthMacedonia. Felt it? Tell us via:
📱https://t.co/QMSpuj6Z2H
🌐https://t.co/AXvOM7I4Th
🖥https://t.co/wPtMW5ND1t
⚠ Automatic crowdsourced detection, not seismically verified yet. More info soon! pic.twitter.com/IaWrDzq6eR— EMSC (@LastQuake) December 15, 2025
Како што објави ЕМСЦ епицентарот на земјотресот бил на 35 километри од Приштина, на границата меѓу Косово, Србија и Македонија.
Македонија
Делови од Карпош и Чучер Сандево денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од село Горно Нерези (општина Карпош), како и корисниците од селата Глуво и Мирковци. (општина Чучер Сандево )
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево и претежно тивко
Сончево со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 0, а максималната ќе достигне од 9 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на неделата времето ќе биде сончево и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови на одредени места ќе има појава на магла. Максималната температура ќе биде над просекот за овој период од годината.

