Македонија
Значително зголемен бројот на решени барања за легализација во општина Аеродром
Реорганизација на работните процеси и формирање работни комисии кои ги разгледуваат предметите на граѓаните и правните лица резултираше со поефикасно решавање на барањата доставени до општината Аеродром.
За само шест месеци во општината Аеродром издадени се решенија за вкупно 355 предмети, издадена е урбанистичка согласност за 200 предмети, започната е двострана комуникација со странката за 250 предмети и изготвени се уште десетици известувања, пресметки и заклучоци.
Овој значително зголемeн број на завршени предмети и започнати предмети се должи на новиот начин на работа во Општина Аеродром кој овозможи стотици нови решенија за легализација и почеток на процесот за конечно решавање на над 900 предмети. За таа цел, формирана е комисија од вработените, со што значително се забрза целиот процес за легализација.
Станува збор за еден од најголемите проблеми со кој граѓаните во општината се соочуваат повеќе од 10 години. До сега, до Општината поднесени биле над 9000 барања за легализација на објекти од различен вид.
Општина Аеродром и понатаму ќе продолжи со реорганизација на администрација со цел нејзино ефикасно искористување, а во насока на постапување во најкраток рок по барањата од граѓаните и правните лица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

