Македонија
ЗНМ и ССНМ: Законските измени што ги засегаат новинарите да бидат донесени што побргу во Собранието
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници (ССНМ), денеска, пред Собранието на РСМ, одржаа прес-конференција по повод 2 Ноември, Меѓународниот ден за прекинување на неказнивоста на злосторствата против новинарите.
„На овој ден, 2 Ноември, Меѓународниот ден за прекинување на неказнивоста на злосторствата против новинарите, Здружението на новинарите на Македонија бара од политичките партии веднаш да ги усвојат амандманите на Кривичниот законик, со што ќе се овозможи поголема заштита на новинарите и медиумските работници. Сега, повеќе од кога било, потребно е нападот врз новинарите да се третира како напад врз службено лице, време е да се направи поголем исчекор во оваа насока. Речиси една и пол година чекаме пратениците во Собранието да се охрабрат и да се соберат за да ги изгласаат измените во Кривичниот законик наместо да се занимаваат со нивните бескрајни политички игри. Ако сме сигурни дека за ова постои општествен консензус во јавноста, несфатливо е пратениците и натаму да го одложуваат донесувањето на овие измени. Бараме тие веднаш да бидат ставени на дневен ред и изгласани, во спротивно ќе сфатиме дека слободата на новинарите, снимателите и медиумските работници не е приоритет на ова Собрание“, истакна Чадиковски.
Претседателот на ССНМ, Павле Беловски, потенцира дека предолго се чека на измените, кои се од големо значење за безбедноста на новинарите.
„Пет години од почетокот на иницијативата, во кои се изнаслушавме декларативни заложби за слободата на медиумите. Исто така, денес се навршуваат 17 месеци откако Владата, односно Министерството за правда, ги испрати овие измени до Собранието за нивно усвојување. Резултат нема. Нападите, без разлика во каква форма, сè уште ги броиме и пријавуваме, но без резултати на крајот. Неказнивоста продолжува. Затоа уште еднаш, по којзнае кој пат, потсетуваме на изборните ветувања дека законските измени, кои се однесуваат на нападите врз новинарите, треба итно да бидат спроведени. Собраниските игри и интереси нас не нè интересираат. Ги повикуваме пратениците итно да направат сè што е дел од процедурата и да ги изгласаат измените на Кривничниот законик, кои барем на хартија ќе ги подобрат условите за прекин на неказнивоста на нападите врз новинарите“, рече Беловски.
Новинарските организации ја изразија својата загриженост поради застојот на донесување на законските измени во Собранието, со заедничка цел – позитивни промени во насока на подобрување на условите на работа на новинарите и медиумските работници, а потсетија на последниот извештај на Европската комисија, каде што се вели дека Северна Македонија постигна одредено ниво во областа на слободата на изразување, генерално, бележи ограничен напредок во однос на препораките на ЕУ. Исто така, потенцирана е потребата да продолжи процесот на саморегулација, кој треба да доведе до унапредување на професионалните стандарди во новинарството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

