Македонија
ЗНМ: Осуда за поттикнувањето омраза на пратеникот Апасиев кон новинарката Димковиќ од А1он
Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) ја осудува непримерната јавна комуникација со елементи на омраза на актуелниот пратеник и лидер на политичката партија „Левица“, Димитар Апасиев, кон новинарката Габриела Димковиќ-Мишевска од онлајн медиумот „А1он“.
Пратеникот Апасиев на својата фејсбук-страница јавно ја етикетира и омаловажува колешката Димковиќ поради нејзините претходни написи во врска со измените на Законот за финансирање на политички партии.
„Преку ваквата непримерна комуникација освен обидот за јавна дискриминација на новинарката Димковиќ, нејзината уредничка Мери Јордановска и медиумот во кој тие работат, пратеникот Апасиев јавно провоцира и други лица да споделуваат погрдни зборови, но и закани упатени кон колешките и овој медиум. Фактот што овие закани, како и говорот со елементи на омраза остануваат како одговор на претходната објава на пратеникот Апасиев, истите можат да поттикнат дополнителна омраза, но и насилство кон новинарите.
Потсетуваме дека според Кривичниот закон тој што во јавноста промовира или поттикнува омраза, дискриминација или насилство против кое било лице или група е кривично дело и ќе се казни со затвор од една до десет години. ЗНМ за овој инцидент ќе поднесе пријава до Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика и ќе бара да се преземат дополнителни мерки од страна на МВР за овој случај“, се вели во соопштението.
Ова не е првпат пратеникот Апасиев јавно да се пресметува со новинари и медиуми за кои не му се допаѓа како известуваат. За потсетување, минатиот месец ЗНМ поднесе претставка за прекршување на етичкиот кодекс на пратеници до Собранието на РСМ поради јавното омаловажување на пратеникот Апасиев кон новинарот Боби Христов од ТВ Телма.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Следува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 километри од автопатот се ставени во функција.
„Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција. Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ. Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба! За многу години Божиќ и Бадник!“ порача вицепремиерот Николоски.
Македонија
(Фото) Мицкоски: Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни
„Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и Центар со желба секое семејство да ја почувствува топлината на празникот на својата трпеза“, извести премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи.
„Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни“, додаде Мицкоски.

