Македонија
ЗНМ: Уште една отфрлена тужба на Левица кон новинари

Основниот граѓански суд Скопје како првостепен парничен суд донесе решение со кое тужбата на тужителот Политичката партија „Левица“, против тужените Друштво за дигитални медиуми Онлајн медија ДОО Скопје и Предраг Петровиќ, ја отфрли како ненавремена.
Ова решение следи по претходно доставената тужба до судот од страна на политичката партија „Левица“ на 20.02.2021 година во која се наведува дека онлајн медиумот ,,А1on.mk” на 07.12.2020 објавил текст со наслов: ,,Апасиев молчи за парите кои следуваат на Левица, не кажува дали ќе се откаже во корист на работничката класа”.
На ваквиот новинарски текст реагирале од политичката партија Левица со што доставиле барање за демант, а истиот бил објавен од страна на медиумот. Незадоволни од демантот, политичката партија „Левица“ поднела тужба против наведениот медиум и главен уредник меѓутоа судот со решение таквата тужба ја отфрли како ненавремена од причина што политичката партија „Левица“ не го испочитувала законскиот рок од 30 дена за поднесување на ваков вид на тужби, односно истата тужба била задоцнета.
Инаку, минатиот месец претседателот на политичката партија „Левица“, Димитар Апасиев изгуби кривичен спор кој го иницираше против колешката Мери Јордановска за претходно објавен текст.
„Овој вид тужби служат да се предизвика заплашување и правни трошоци или едноставно исцрпување на тужените, во случајов на новинари со цел да се демотивираат или да се откажат од јавна критика. Ваквите тужби во контекст на Советот на Европа се познати како стратешки тужби за спречување на јавно учество (SLAPP). Овие тужби, посебно кога се иницирани од политичари и носители на јавни функции, можат да предизвикаат самоцензура кај новинарите, а со тоа да се наруши правото на информирање на граѓаните“, велат од Здружението на новинарите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Влен“: Бујар Османи го вети автопатот Скопјe-Блаце, но донесе само лаги

„Поминаа 5 години, 7 месеци и 8 дена од свеченото потпишување на договорот за „првите 2 километри“ на автопатот Скопје – Блаце, а ветувањето на Бујар Османи со кое се фотографираше и политички се фалеше остана нереализирано“, велат од „Влен“.
„ФБ сесии, фотографи, изјави, скапи видеа, но резултати нула. Тоа е Бујар Османи. Ветуваа автопати, оставија само албуми со слики. Ветуваа нови болници, оставија семејни трагедии. Ветуваа водоводи, оставија пустош.
Бујар Османи беше министер во владата на Груевски, вицепремиер за европски прашања и министер за надворешни работи кај Заев и Ковачевски, вкупно повеќе од една деценија на највисоки државни функции. За тоа време немаше резултати за овој проект, ниту за албанските општини за кои најмногу ветуваше. Имаше Фејсбук сесии, снимени видеа и лажни ветувања, а резултати нула.
Доста беше со промотивни настани на лажни големи ветувања. Бујар Османи нема што да покаже како резултат зад себе, нема реализирани проекти, нема изградено ништо, нема помогнато никому.
Бујар Османи е политичар кариерист, без резултати. Неговите ветувања денес за Чаир се исти како ветувањето за автопатот кон Блаце пред пет и половина години. Празни“, се наведува во соопштението на „Влен“.
Македонија
На Табановце за излез од државата се чека околу 30 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен, извести АМСМ.
Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Табановце времето на чекање за излез е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата.
Македонија
Дел од Аеродром денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:30 часот, корисниците на улица Филип Богдански, општина Аеродром;
· од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од дел од улицата Црноризец Храбар, од бр. 2 до бр. 20., општина Аеродром.