Македонија
Зоран Ангеловски ќе биде нов директор на ОТА
Зоран Ангеловски ќе биде новиот директор на Оперативно техничката агенција (ОТА). Неговото име се очекува официјално да биде обелоденето попладнево на седница на Комисијата за избори и именувања. Дека политичките партии во Собранието постигнале консензус Ангеловски да биде избран меѓу 14 кандидати за оваа функција, потврди и премиерот Зоран Заев.
„Ѝ дадов само задача на пратеничката група бидејќи правеа консултации со мене да изнајдат професионално и експертско решение. Ме информираа дека е најдено решението. Ниту се интересирам, ниту ми треба да знам. Зошто? Затоа тоа е првиот исчекор дека сме научиле нешто од минатото“, рече Заев.
Оперативно-техничката агенција, која ќе биде медијатор во прислушувањето меѓу операторите и корисниците, се очекува да почне со работа од ноември 2018 година. Во ОТА треба да се пресели опремата за следење на комуникациите, со која досега располагаше Петтата управа во Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

