Македонија
Иванов и Мускат го поздравија интензивирањето на политичкиот дијалог меѓу Македонија и Малта
Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска го прими премиерот на Република Малта, Џозеф Мускат, кој престојува во официјална посета на Република Македонија.
На средбата двајцата соговорници изразија задоволство од досегашниот развој на билатералните односи и го поздравија интензивирањето на политичкиот дијалог меѓу Република Македонија и Република Малта.
Македонскиот претседател потенцираше дека со воспоставувањето на билатералните односи меѓу двете земји се поставени темелите за сеопфатна и партнерска соработка на долг рок. Во тој контекст, претседателот Иванов го афирмираше македонскиот интерес за натамошно продлабочување и развивање на севкупните односи, како на билатерален така и на мултилатерален план.
Иванов, како што соопштија од неговиот кабинет, нагласил дека двете држави во наредниот период треба да се фокусираат на интензивирање на економската соработка преку зголемување на трговската размена, унапредување на правната рамка и поттикнување на контактите меѓу бизнис-заедниците и граѓаните.
Во однос на европските аспирации, претседателот Иванов истакна дека Република Македонија во Република Малта гледа искрен пријател и поддржувач, додавајќи дека нивните искуства би можеле да ни помогнат во процесот на нашето пристапување кон ЕУ.
Премиерот Мускат нагласи дека Малта целосно ја поддржува македонската европска интеграција и изрази подготвеност за споделување на нивните искуства на нашиот евроинтегративен пат.
Едно од прашањата што беа препознаени како заеднички предизвик за двете земји, но и за Европа, беше прашањето за илегалната миграција, при што двајцата соговорници се заложија за засилена соработка во таа сфера, се ведува во соопштението од Кабинетот на Иванов.
Претседателот Иванов и премиерот Мускат се согласија и дека македонската заедница во Република Малта претставува мост за натамошно приближување и развивање на севкупните односи меѓу двете земји.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Сарај и високата зона во населба Ѓорче Петров
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради дефект на затварач со пречник од Ф-350 мм на ул. 20 во нас. Сарај, од 07:30 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Лака, Крушопек, Грчец, Шишево, Глумово, Горна и Долна Матка, Арнакија, Љубин и село Сарај, (Општина Сарај) и високата зона, односно повисоките катови од зградите во населба Ѓорче Петров.
Македонија
Дел од Бутел денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:30 до 09:30 часот, објектот на ДОГАН ИНВЕСТ ДООЕЛ-СКОПЈЕ, односно објектот на Форд на самата раскрсница булевар Македонско-Косовска Бригада со булевар Босна и Херцеговина. (Општина Бутел)
Македонија
Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време за овој период од годината
Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува период на стабилно и релативно топло време за овој период од годината. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намалува.

