Македонија
Иванов ќе присуствува на лидерската средба, но реагира дека досега бил селективно информиран

Од Кабинетот на претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, попладнево информираа дека тој ја прифаќа поканата за информативната средба, иницирана од премиерот Заев, која е закажана за утре, а на која ќе се зборува за прашањето за името.
Покрај тоа, од Кабинетот на Иванов информираат дека претседателот сè уште не добил целосни одговори на барањата упатени изминатиов период.
„Информираме дека до денеска, 18 мај, до Кабинетот на Претседателот на Република Македонија не се доставени целосни одговори на барањата упатени на 29 март годинава, вклучително и нацрт-текстот на билатералната спогодба за надминување на разликата околу името, доставен од Министерството за надворешни работи на Република Грција“, стои во соопштението и се додава дека на тој начин се врши селективно информирање на македонскиот претседател.
На крајот се истакнува дека Иванов на утрешната средба очекува да биде информиран за суштината и за деталите од разговорите во процесот за надминување на разликата околу името.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Несреќа на патниот правец Берово – Виница, сообраќајот е во прекин

АМСМ извести дека се случила сообраќајна незгода на патниот правец Берово – Виница, кај село Будинарци.
Порад незгодата од 07:30 часот сообраќајот е во прекин, додаде АМСМ.
Македонија
Опожарено возило во Аеродром

Во периодот од 01:40 до 02:40 часот, пожарникарите гаснеле запалено патничко моторно возило, на површина од 2м2 на булеварот Видое Смилевски – Бато, општина Аеродром.
Интервенцијата ја извршиле тројца пожарникари со едно возило. Материјалната штета изнесува 9000 денари, извести Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.
Македонија
Сарај и Кисела Вода денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
– Во периодот од 08:15 – 14:00 часот дел од село Кондово пред Медреса, општина Сарај;
– Во периодот од 09:00 – 12:00 часот делот позади Стаклара, општина Кисела Вода;
– Во периодот од 09:00 – 12:00 часот МВ Каменик, с.Усје, општина Кисела Вода.