Македонија
Игор Јанушев се повлече од функцијата
Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вечерва избра нови членови на Извршниот комитет на партијата. Генералниот секретар на партијата, Игор Јанушев, се повлекува од партиската функција, соопшти лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Поради лични причини, се повлече Игор Јанушев, но тој ќе продолжува да придонесува и да помага во ВМРО-ДПМНЕ во наредниот период. Му се заблагодарувам за досегашниот ангажман“, рече Мицкоски.
Новиот состав на ИК ќе го сочинуваат: Александар Николовски, Владимир Мисајловски, Иван Иванов, Сергеј Попов, Никола Мицевски, Гордана Димитриеска-Кочовска, Рашела Мизрахи, Стефан Андоновски, Марија Андоновска, Олга Лозановска, Дафина Стојановска, Вело Марковски, Трајко Славевски, Владимир Ѓорчев, Драган Ковачки, Коце Трајановски, Кирил Пецаков и Антонио Милошоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Попладне во северните и источните делови врнежите ќе бидат поројни проследени со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната ќе достигне од 22 до 29 степени.
Во Скопје променливо облачно, попладне со повремен дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 25 степени.
Следува период на стабилно и релативно топло време за овој период од годината. Во сабота и понеделник вдолж Повардарието повремено ќе дува засилен северен ветер.
Македонија
Оставка на директорот на основното училиште во Ѓорче Петров каде деца се обидоа да силуваат соученик
Градоначалникот на општината Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, соопшти дека од лични и морални причини оставка поднел директорот на општинското основно училиште во кое се случи обид за силување на ученик. На негово место, веќе е именуван нов ВД директор.
Стојкоски информираше и дека е формирана комисија која ќе поведува дисциплинска постапка против четворица вработени, а суспендиран е одговорниот наставник за одделението. По утврдувањето на одговорноста на секој од нив, зависно од дејствијата кои ги презеле или пропуштиле, соодветно ќе бидат санкционирани.
„Изразувам жалење и најсилна осуда за немилиот настан во едно од нашите ООУ, во која се инволвирани ученици од најмалите одделенија. Информираме дека сме во постојана комуникација од моментот на пријавување на настанот со сите инволвирани институции, МВР, МОН, социјални служби и обвинителство“, рече Стојкоски додавајќи дека општината и училиштето соодветно ги презеле сите мерки согласно Законот за основно образование и Законот за наставници и стручни соработници, како и согласно Упатството за постапката за пријавување и заштита на ученици жртви на насилство, злоупотреба и занемарување.
МВР претходно објави дека завчера во период од 11 до 15 часот, во двор на основно училиште на подрачјето на Ѓорче Петров, ученикот бил физички нападнат од двајца негови соученици, кои се обиделе да извршат полово дејствие врз него.
Случајот во полицијата го пријавил таткото на ученикот.
Македонија
(Видео) Огромни гужви за излез од Скопје, на патарината „Миладиновци“ колони од два километри
Огромни гужви има попладнево на наплатната станица „Миладиновци“ на излез од Скопје.
„Тука е полошо од грчка граница. Сите свират, се обидуваат да ги престигнат автомобилите. Ужас! “, коментираат за „Макфакс“ патници кои останале заглавени на патарината.
И оние кои поседуваат М-таг картички не можат да се доближат до наплатната рампа, а заглавени се и автобусите на редовните линии кон Куманово, Кратово, Крива Паланка, Штип, Берово, Кочани.
Голем број граѓани го напуштија градот поради претстојниот продолжен празничен викенд.