Македонија
Извршена дезинфекција на затворени и јавни површини во Шуто Оризари

Денeска по спроведената набавка на потребниот дезинфекционен материјал,започна со реализација акциониот план за дезинфекција на затворени и јавни површини на територија на општина Шуто Оризари.
Направена е дезинфекција на 25 објекти од кои: седум мали објекти, 18 големи објекти, вклучувајќи ја поликлиника Шуто Оризари и една приватна здравствена установа.
Од општината најавуваат дека акцијата ќе продолжи во текот на овој месец континуирано.
Исто така, Општина Шуто Оризари набави 1.000 заштитни маски и 1.000 ракавици. Четири мобилни тимови ги поделија на постари граѓани од општината и на семејствата со кои живеат.
„Знаеме дека потребата е поголема и правиме напори да одговориме на сите ваши потреби, молиме на трпение додека да ни стигне следната нарачка. Вашето здравје е наш приоритет број 1. Во меѓувреме седете си дома за да може да ве најдеме следен пат кога ќе сме на терен“, им порачаа општинските власти на жителите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја две улици во Илинден и Волково

ЕВН Македонија АД известуваат дека на денес без електрична енергија ќе останат:
· од 08.30 до 12.30 часот, корисниците на улица бр. 27 во нас. Илинден. (Општина Илинден)
· од 09.00 до 11.00 часот, корисниците на улица бр. 33 во нас. Волково. (Општина Ѓорче Петров)
Македонија
Сончево и многу топло, максималната температура до 40 степени

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 32 до 40 степени.
Во Скопје сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 39 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на многу топла воздушна маса во текот на оваа седмица ќе се задржи сончево и топло време со умерена облачност во текот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоистоичен правец.
Македонија
Се’ уште гори кај Јасен, активни пожари на четири локации низ Македонија

Денес до 18 часот се регистрирани вкупно 10 пожари на отворен простор. Од нив, четири се активни и моментално се гаснат, додека шест се целосно изгаснати.
Активните пожари се лоцирани во различни делови на земјата. Еден од нив е во Националниот Парк Јасен во општина Македонски Брод, каде што гори мешана шума. Друг пожар е пријавен во село Теарце, општина Теарце, каде што се гори ниска вегетација. Во општина Сарај, во село Радуша, исто така се активни пожари кои зафаќаат сува трева и мешана шума. Четвртиот активен пожар е во општина Кичево, на потегот помеѓу селата Челопејци и Миокази, каде исто така гори мешана шума, соопшти Центарот за управување со кризи.
Надлежните служби постојано апелираат до граѓаните да ги почитуваат сите препораки и забрани за палење оган на отворен простор, со цел да се спречи ширење на пожарите и да се заштитат природните ресурси.