Македонија
Извршени вонредни проверки на 11 камиони со отпад од Италија, резултатите ќе се знаат за десетина дена
Со цел поголема безбедност и заштита на здравјето на граѓаните, а во контекст на актуализирањето на увозот на отпад во Северна Македонија, дополнително се подигнати степенот на проверка и контролата на секаков вид отпад и материи што би можеле да го загрозат здравјето на граѓаните, велат од Царинската управа.
Во таа насока, денес, додаваат од таму, Државниот инспекторат за животна средина, во координација со Министерството за животна средина и просторно планирање и Царинската управа, изврши вонреден инспекциски надзор на 11 камиони со отпад (RDF) од Италија, чија крајна дестинација е цементарницата „Усје“, која поседува дозвола за користење RDF-отпад како алтернативно гориво. Камионите се запрени на влез на граничниот премин Богородица, а вкупната количина на отпадот е 261 тон.

„По случаен избор, од два камиона беа земени мостри, а другите камиони се органолетички прегледани. Со цел поголема веродостојност на резултатите, земените мостри ќе бидат доставени до две лаборатории, и тоа до хемиската лабораторија на РЖ ‘Техничка контрола’, како и до Истражниот центар за животна средина во Република Естонија. Резултатите од анализите се очекуваат за десетина дена, а сè до добивањето на резултатите камионите со отпад ќе бидат складирани под соодветен надзор“, велат од Царина.
Инаку, предметните пратки се декларирани како RDF-отпад (Refuse derived fuel – RDF), кој претставува алтернативно гориво (во согласност со ЕУ-стандардите) произведено од отпад кој содржи биоразградливи материјали. Неразградливите материјали се претходно отстранети во целост во сложена постапка на сортирање и рециклирање во инсталации за преработка на отпад и тоа се користи за генерирање енергија (особено при производство на топла вода, туларници, цементарници и слични капацитети).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Шуто Оризари и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улицата Македонско Косовска Бригада лоцирани спрема подвозникот кај Визбегово, како и дел од корисниците од улицата Индира Ганди, лоцирани покрај пруга кај подвозникот, општина Шуто Оризари;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од улицата Фјодор Достоевски, општина Карпош.
Македонија
Голем одрон кај село Ратево, магла на патниот правец Тетово – Гостивар
На патниот правец Р-1302 Берово – Струмица (кај село Ратево) поради поголем одрон сообраќајот се одвива по направена девијација во должина од 50 метри. Намалена видливост и појава на магла на патниот правец Тетово – Гостивар до 70 метри, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода денеска објектите на хотел Континентал и Ист Гејт
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач на булеварот Александар Македонски бб (кај Континентал), прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на хотел Континентал и Ист Гејт.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

