Македонија
Изгаснати сите 19 пожари што избувнале во текот на вчерашниот ден
Вчера имало 19 пожари на отворен простор и сите се изгаснати – активни пожари нема.
Согласно координативните активности и известувањата во Секторот за операции и координација во Центарот за управување со кризи (ЦУК), изгаснатите 19 пожари на отворен простор биле во:
– Општина Сарај, с.Бојане, месност „Карпалак“ (каде што горела ниска вегетација и нискостеблеста шума);
– Општина Илинден, с, Ајватовци (ниска вегетација);
– Општина Студеничани, с.Моране (ниска вегетација);
– Општина Бутел, месност „Качанички Пат“ (ниска вегетација);
– Општина Чучер Сандево, месност „Качанички Пат“ (ниска вегетација) ;
– Општина Арачиново, с.Стрaчинци (ниска вегетација и стрниште);
– Општина Гази Баба, с.Булачани (ниска вегетација) ;
– Општина Струмица, с.Бориево (ниска вегетација);
– Општина Валандово, с.Брајковци (ниска вегетација);
– Општина Струга, с.Франгово (ниска вегетација);
– Општина Дебар 3 пожари, Брана Шпиле (ниска вегетација), месност „Бомовска Чешма“ (ниска вегетација), месност „Мелничи Мост“ (грмушки);
– Општина Кичево, с.Мидинци (стрниште);
– Општина Македонски Брод, с.Латово месност „Лозја“ (ниска вегетација и дабова шума);
– Општина Куманово 3 пожари, Градскиот Парк – Куманово (ниска вегетација), населба „Карпош“ месност „Рајково Куќа“ (ниска вегетација, стрниште), с.Довезeнце (ниска вегетација и стрниште) и во
– Општина Македонска Каменица, месност „Калуѓерица“ помеѓу Делчево и Македонска Каменица (каде што горела борова и дабова шума).
Инаку, пожарникарите во државата, паралелно со интервенциите на пожари на отворено, имале и повеќе интервенции на објекти во населени места.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забранет сообраќајот на регионалниот пат Гостивар – село Чегране поради излевање на реката Вардар и обилниот дожд
Во 20.40 часот е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино, поради излевање на реката Вардар и обилни врнежи од дожд, извести АМСМ.
Сообраќајот се пренасочува од село Чајле кон село Старо Чајле према село Форино.
Воведена е забрана за сообраќај и на локалниот пат од „Тумчевишка Петла“ кон село Тумчевиште и село Чегране, додаваат од АМСМ.
Македонија
Меѓународните односи, реформите и борбата против корупција во фокусот на разговорите меѓу Сиљановска-Давкова и Варнс
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Никол Варнс, вршителка на должноста шеф на мисијата во Амбасадата на САД.
Таа изрази подготвеност за понатамошна соработката со истата динамика и посветеност како со претходната амбасадорка.
Разговорот започна со осврт на меѓународните односи, состојбите во НАТО, ЕУ и регионот.
Потоа соговорничките се фокусираа на македонските работи: реформските процеси во судството, дигитализацијата, борбата против корупцијата и организираниот криминал и реализацијата на инфраструктурните проекти.
За нив, инклузивниот модел на одлучување и меритократијата во сите сфери на општествениот живот, а особено во образовниот систем и во регрутирањето на државната и јавна администрација на највисоко ниво се клучни не само за нашата евроинтеграција, туку и за просперитетот на државата.
Во време на безбедносни предизвици и ризици, за обете, американско-македонското стратешко партнерство, како и сојузништвото во НАТО се важни за стабилноста.
Амбасадорката ја потврди американската подготвеност за унапредување на пријателските односи, поздравувајќи ја неодамна усогласената заедничка изјава за рамката за идниот Договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, како значаен чекор во зајакнувањето на економската соработка.
Сиљановска-Давкова и Варнс очекуваат со Акцискиот план да се конкретизираат низа проекти во интерес на граѓаните.
Македонија
Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Гостивар-Стража-Кичево
Од 17:20 часот укината е забраната за ТМВ на патниот правец Гостивар-Стража и обратно.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Врнежи од снег има на Пониква и на патниот правец Штип-Неготино кај с.Лесковица, кој во моментов не претставува пречка за одвивање на сообракајот, јави АМСМ.

