Македонија
Изграден нов паркинг-простор и почеток на нови инфраструктурни проекти во општина Аеродром

Инвестициите во инфраструктурата сериозно ја менуваат сликата на Аеродром и го олеснуваат урбаното живеење во општината. Општина Аеродром ги препознава потребите на граѓаните, а инвестициите во капитални и инфраструктурни проекти се одговор на најважните локални предизвици со кои се соочуваа тие.
Во рамките на градежната офанзива во текот на овој месец финализира изградбата на нов паркинг-простор со капацитет од 60 паркинг-места наменет за граѓаните во Мичурин и Стар Аеродром, а во следниот период ќе почне реализацијата на ваков проект на уште две локации во Аеродром.
Општината останува отворена за потребите и барањата на граѓаните. Следува период на интензивни инвестиции, кои ќе бидат чекор кон поубава општина со нови училишта и градинки, современа инфраструктура, нови паркови и зеленило и нов плоштад во Аеродром.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сончево и малку посвежо, од сабота следува период на многу топло време

Сончево и малку посвежо со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 32 степена.
Од сабота следува период на сончево и многу топло време со пораст на дневните температури. Особено топло ќе биде во првата половина од следната седмица.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, соопшти МВР

Министерството за внатрешни работи известува дека е пуштен за сообраќај автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Истиот поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025) беше затворен за сообраќај.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци

Во 21.25 часот сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци е нормализиран, соопшти АМСМ.
Сообраќајот во спротивниот правец ќе биде пуштен штом се создадат услови.