Македонија
Изработена студијата „Плурализам на медиумската сопственост во новото медиумско опкружување“
За потребите на Агенцијата за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги, експертите Жан Франсоа Фурнемонт и Снежана Трпевска ја изработија студијата „Плурализам на медиумската сопственост во новото медиумско опкружување“.
„Студијата, достапна на македонски и англиски јазик, има цел да спроведе процена на важечките законски одредби за концентрација на сопственоста во аудиовизуелниот сектор и да препорача идни чекори во политиките. Како резултат можни се измени и дополнувања на Законот за медиумите и особено на Законот за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги со оглед на тоа што постојната регулатива за концентрација на сопственоста на медиумите е застарена, а овие прашања добиваат ново значење во контекст на дигиталните технологии, конвергенцијата, ширењето на новите интернет-медиуми и фрагментирањето на пазарот и публиката“, соопштија од Агенцијата за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги.
Студијата е изработена во рамките на проектот „Слобода на изразување и слобода на медиумите во Северна Македонија (ЈУФРЕКС 2)“, кој е дел од заедничката програма на Европската Унија и Советот на Европа – „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција 2019-2022“.
Студијата е достапна на следниов линк: Плурализам на медиумската сопственост во новото медиумско опкружување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општината Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот корисниците на улиците Борис Сарафов и Атанас Иљоски (општина Ѓорче Петров).
Македонија
Магла на два патни правци, најавен собир на регионалниот пат Берово – Струмица, сообраќајот ќе биде блокиран
Поради појава на магла се бележи намалена видливост од 50 – 60 магла има на патните правци Неготино – Градско и Неготино – Демир Капија, извести АМСМ.
Најава за прекин на сообраќај: На 19.12.2025 година во 10.00 часот од страна на Месно население на село Двориште, најавен е јавен собир на Регионален пат П-1302 (Берово – Струмица) на место викано „Студенецо“, при што сообраќајот ќе биде блокиран, а возачите кои сообраќаат по патен правец Струмица – Берово, да ги користат алтернативните патни правци, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне магла
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне наместа ќе има појава на магла. Во југоисточниот дел од земјата ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на стабилна воздушна маса до понеделник ќе се задржи стабилно и тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник кон крајот на денот ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

