Македонија
Илиоска: Зад хибридните закани стојат странски и домашни актери, целта е да се внесе страв кај граѓаните
Граѓаните се безбедни и безбедносната ситуација е стабилна. Се соочуваме со интензивен хибриден напад, чија цел е да внесе вознемирување, страв, паника и хаос кај граѓаните. Ова го истакна секретарката на Советот за координација на безбедносно- разузнавачката заедница, Даниела Илиоска.
НАТО-делегација предводена од заменик-помошникот генерален секретар за новите безбедносни предизвици, Џејмс Апатураи, се наоѓа во земјата, при што беше одржан состанок на експертско ниво, на кое учествуваа и членовите на оперативниот тим на Советот.
Илиоска рече дека заканите доаѓаат со разгорувањето на воената агресија на Русија врз Украина и тие се комбинација на странски и домашни актери.
„Ова е случај и во другите земји од регионот и на други НАТО-членки. Сите земји од слободниот свет се соочуваат со зголемен интензитет на хибридни закани. Меѓународно соработуваме со сите партнерски безбедносни организации и институции, од првиот ден и првата закана. Денеска, имаме гости и експертски тим на НАТО, кој е тука за да ја продлабочиме таа соработка“, рече Илиоска.
Апатураи истана дека Северна Македонија се справува со намерен, издржан и циничен хибриден напад. Но, како НАТО-членка не се справува со овој предизвик сама, туку е член на семејство на демократии, кои стојат заедно и се поддржуваат едни со други.
„Имам пофалби за Владата на Северна Македонија за чекорите што ги презеде за одбрана и градење отпорност од овие сајбер и хибридни напади“, изјави заменик-помошникот генерален секретар за нови безбедносни предизвици, Џејмс Апатураи.
Понатаму, во својата изјава тој истакна дека НАТО и индивидуалните сојузници веќе споделуваат информации и овозможуваат техничка поддршка.
НАТО ни помага да се справиме со хибридниот напад, граѓаните да не се грижат, порача Ковачевски
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

