Македонија
(Видео) Илјада матуранти заиграа квадрил на плоштадот Македонија
На плоштадот Македонија напладне се одржа традиционалната манифестација „Матурска парада 2018“, а најмалку 1.000 матуранти точно во 12 часот го заиграат танцот квадрил.
„Нè радува што една манифестација која започна како интересна и благодорна идеја прерасна во традиција. Пред нас е 11. издание на манифестацијата ‘Матурска парада’ во која очекуваме да се вклучат над 1.000 матуранти од повеќе средни училишта од Скопје, како и матуранти од Струга, Охрид, Струмица и од Гевгелија. Заедно со матурантите од Скопје и од другите градови од земјава, в петок во исто време квадрил ќе заиграат и матурантите од 10 европски држави. Нè радува што сме организатори на овој настан, кој верувам дека останува длабоко врежан во сеќавањето на секој матурант. Им се заблагодарувам на поддршката на Град Скопје и на Делегацијата на Европската Унија во нашата земја“, вели Никола Глигоров од Дирекцијата за култура и уметност.

Тодор Миладинов од танцовиот клуб „Ритам плус“ изјави дека со задоволство и успешно ја завршиле обуката на матурантите, која почнала од почетокот на второто полугодие и дека тие со задоволство научиле да танцуваат и салса.
Како и изминатите години, учесниците на парадата – матурантите пред одигрувањето на танцот положија заклетва за ненасилство заедно со своите врсници од сите држави учесници во овој настан. Парадата на матурантите почна да се организира во 2001 година во Љубљана, а во Македонија првпат се одржа во 2007 година во Скопје и во Охрид во организација на Дирекцијата за култура и уметност на Скопје и танцовиот спортски клуб „Ритам плус“ од Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Делови од Центар и Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска имаат планирани два зафати во водоводната мрежа и тоа:
· поради уличен дефект на ул.Адам Мицкиевиќ бб (пред ОУ „Киро Глигоров“), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Адам Мицкиевиќ-вклучително и основното училиште, дел од Козара и дел од Васил Ѓорѓов, општина Центар. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
· поради уличен дефект ф-225м на ул.Отокар Кершовани бб , прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Отокар Кершовани,вклучително Амбуланта „Бит Пазар“, Петре Георгиев и Чаирска, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно со умерен до засилен ветер од југоисточен правец
Променливо облачно со умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Попладне и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во југоисточните делови. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7, а максималната ќе достигне од 7 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно со умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Кон крајот на денот, а особено во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Времето во наредните денови
Од денеска следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во текот на денешниот ден засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат во пораст.

