Македонија
Импресивни откритија на неолитската населба Влахо во Пелагонија
Центарот за истражување на предисторијата и Завод и Музеј – Битола ги завршија теренските истражувања на археолошкиот локалитет Влахо во Пелагонија, еден од најстарите неолитски локалитети во регионот и во Европа.
Истражувањето во западниот дел на населбата покажало дека ранонеолитските културни слоеви достигнуваат висина од 2,7 метра, што укажува на долготрајно и динамично живеење во периодот меѓу 6400 и 6000 година пред нашата ера. Во 70-ина стратиграфски слоеви биле откриени остатоци од 16 градби, земуници, огништа, печки, како и многубројни предмети – садови, алатки, мелници и животински коски.
Особено значење имаат добро сочуваните дрвени остатоци во најстарите слоеви, кои може да претставуваат едни од најстарите неолитски дрвени предмети откриени во Европа.
Во следната фаза ќе се спроведат радиокарбонски, археоботанички, зооархеолошки и дендрохронолошки анализи. Проектот е резултат на меѓународна соработка меѓу институции од Македонија, Германија, Србија и по Швајцарија, со поддршка од Министерството за култура и туризам и Германскиот археолошки институт.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

