Контакт

Македонија

Индивидуалните донатори овозможуваат секое дете да расте во семејство

Објавено пред

„Живеењето и работењето во 2020 година, во услови на светска пандемија, нè засегна сите. И професионално и приватно, и допре во секоја сфера на нашето живеење. Најмногу во клетката на нашето живеење – нашите семејства, нашите блиски и нашите колеги за кои здравјето и сигурноста се прв приоритет. За СОС Детско село приоритет беа 590 деца, млади и семејства на кои им требаше нашата и вашата помош и поддршка“.

dobivaj vesti na viber

Ова се емотивни зборови кои допреа до срцето на многу индивидуални и корпоративни донатори, кои и годинава помогнаа децата и младинците да се соочат со предизвиците од ковид-пандемијата. Националниот директор на СОС Детско село, Јулијана Гапо, на овој начин се заблагодари на сите донатори на Светскиот ден на човечката солидарност, кога СОС Детско село го организираше традиционалниот настан „Едно семејство“.

Таа, во своето обраќање, додаде дека за остварување на целите на СОС Детско село од исклучителна важност е индивидуалната филантропија – можноста секој поединец да споделува вредности со некоја хуманитарна кауза и да овозможува остварување на нивните цели. „Претставува голема радост фактот дека секоја година СОС Детско село инспирира се поголем број граѓани кои се вклучуваат во остварување на нашите цели и ја поддржуваат нашата работа – обезбедување услови во кои децата можат непречено да се школуваат, да бидат згрижени и заштитени, што би било невозможно без хуманост и солидарност. Многу донатори прават разлика во животот на децата од ранливите групи, а секоја донација им возвраќа со радост и гордост и лична сатисфакција кога помагаме на тие околу нас. Пред нас е уште една неизвесна година и затоа ги повикуваме сите кои се во можност да ја посетат нашата страница https://sos.org.mk/sos-superheroi/ да се запознаат со нашите активности и со можностите како да помогнат“.

На листата на најголеми индивидуални донатори на СОС Детско село годинава се запишаа и имињата на д-р Лоди Гоговска, Варвара Стојановска-Чукиќ, Јулијана Пецовска, на членови на православната црква „Свети Климент“ од Диарборн – Мичиген, Кристијан Тимоние, Стефани Неделкова и Снежана Кимова.

Д-р Гоговска, цитирајќи го Алберт Ајнштајн, ќе рече дека „големината и вредноста на човекот лежи во она што го дава, а не во она што е способен да го прими“. Според неа, никој не ја живее сегашноста доколку не дал некому нешто без да го врати тоа. „Давањето нема да нè осиромаши. И не е важно колку даваме, битно е со колку љубов тоа го правиме (Мајка Тереза). Никој не е бескорисен на овој свет доколку и малку го олесни товарот на другиот“.

Клучната работа на СОС Детското село е грижа и овозможување поддршка на децата и младите без родители и родителска грижа и остварување на целите и мисијата „Ниту едно дете не семее да расте само”. Тоа е активност која се одвива во континуитет, без престан, секој ден, недела, месец… и така 19 години. Работа која не може да застане, да престане, да се откаже. Токму поради тоа, секој оној што ја препознава важноста на одржливоста на нашата работа станува посветен донатор. Донатор кој секој месец, во континуитет, непрекинато ги помага децата и претставува силен генератор на стабилноста на нашите програми и на нашиот успех.

Како најголеми посветени донатори на СОС Детско село се впишаа и имињата на Марија Челебиева, Марија Цветановска, Марио Ристовски, Анита Силановска и Мартин Гегоски.

Авторот на книгата „Тито – мојот последен херој“, Зоран Спасов-Sоф, одлучи приходот од продажбата на ова дело да биде дониран во СОС Детското село. За ваквата индивидуална филантропија, тој се прашува „Зошто да помогнеме некому?“ и одговара „Мислам дека е малку тешко човек да одговори на вакво прашање, посебно кога се работи за еден нормален и обичен човек. Во генот на секоја единка е да се биде хуман и доблесен и тоа не е воопшто тешко да се направи. Овој човечки гест, да го отстапам приходот од мојата книга во добротворни цели, нема никаква позадина. Мојата лична донација не ја сметам за голема, но голем е одговорот на јавноста, преку купување на овој роман, да помагаат на оние на кои им е најмногу потребна помош. Идејата е едноставна – читателот донира во СОС Детско село и добива бесплатна книга. Тоа нека биде перцепцијата. Колку мал гест за еден обичен човек, а колку голем и важен за најранливата категорија – децата“, вели Спасов.

СОС Детско село преку програмата за грижа, советување и менторство за млади, во рамки на настанот „Едно семејство” организираше и продажна изложба на делата на Мартин Буровски како можност за поддршка на младиот и надежен уметник во развој на неговата професионална кариера. На настанот беа изложени 12 продажни уметнички дела, кои беа купени од компании и индивидуалци. Упатуваме посебна благодарност до Пакомак, Винарија Тиквеш, Веро маркети, ЈП Водовод и канализација Македонија, Пиварница Скопје, до Симона Димитрова и Силвана Ивановска, кои со купување на дело несебично го поддржаа младиот уметник.

СОС Детско село се заблагодарува на сите индивидуални донатори за несебичната поддршка, кои претставуваат пример многумина наши сограѓани да запловат во филантропските води и да продолжат или да почнат со хуманост. Исто така, СОС Детско село ги мотивира сите луѓе да донираат и да ја поддржат Организацијата во остварување на својата мисија – Ниту едно дете да не расте само.

Секако, покрај индивидуалните донатори, СОС Детско село изразува благодарност до сите компании кои помогнаа во реализација на сонот на секое дете. Статуетка за Најголем корпоративен донатор добија Пиварница Скопје, Осигурување Македонија и Агенцијата за електронски комуникации. Плакета за поттикнување индивидуална филантропија добија ЈП Водовод и канализација Македонија и Веро маркети. Плакети за значаен придонес и поддршка добија компаниите Кап Карго, Пакомак, Хуссе-Кордеа, Гранит, Битолска млекарница, Алкалоид АД Скопје, Тулбе БВ, Форма, Фармахем, Унија финансиска, Екомозаик, Макпрогрес, АД Др Пановски. За поттикнување филантропија кај вработените плакета добија Шпаркасе Банка и Илинка Захарчева Буддс – Google. Благодарница за придонес и поддршка во 2020 година добија Везе шари, Комисија за хартии од вредност, Бест Веј, Аптив, Аптека Ани фарм, Мебел Ви, Шортлист ЛЛЦ, Тиан Де, Перутнина Птуј, Боград Струга, Бе-Да логистик, Тетекс Ад Тетово, Експекта медикал, Дабар Дооел, Пекабеско АД, Вато Доо, Цилиндо интернационал, Блиц инженеринг и Салекс ИНГ. Посебна благодарност СОС Детско село изразува до М6 Едукативниот центар кој даде несебична поддршка при реализација на овогодишниот настан „Едно семејство’.

(ПР текст)



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

(Фото) Германија донира техничка опрема и возила од 600.000 евра на МВР

Објавено пред

Од

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска во кругот на Министерството за внатрешни работи присуствуваше на церемонија на примопредавање на донација од Германија, на која присуствуваше и амбасадорката Петра Дрекслер, како и претставници од Канцеларијата за врски на Сојузната полиција на Германија.

dobivaj vesti na viber

Донацијата, во вкупна вредност од околу 600.000 евра реализирана во претходниот период, опфаќа моторни возила, термовизиски камери, компјутерска опрема и софтвери, специјализирани уреди за проверка на документи, како и специјални возила за воздухопловната единица.

Оваа опрема е наменета за унапредување на капацитетите на Министерството во делот на граничното управување, борбата против трговијата со луѓе и криумчарењето мигранти, криминалистичко-разузнавачката анализа и форензичките испитувања.

Министерот Тошковски истакна дека донацијата претставува симбол на довербата и силното партнерство меѓу двете земји.

„Оваа церемонија не е само формално примопредавање на опрема, туку јасна порака дека Германија стои рамо до рамо со Македонија во заедничката борба против организираниот криминал, во заштитата на нашите граници и во обезбедувањето на сигурноста на граѓаните. Поддршката што ја добиваме не се мери само во материјални средства, туку и во знаење, обуки и размена на искуства, што значи долгорочно зајакнување на капацитетите и професионализација на македонската полиција“, нагласи Тошковски.

Тој изрази благодарност до Сојузната полиција на СР Германија и до Амбасадата на Германија во Скопје за континуираната поддршка, посочувајќи дека шесте реализирани обуки за македонските полициски службеници се доказ за стратешката и долгорочна соработка меѓу двете институции.

Министерот потенцираше дека ваквата помош претставува значаен придонес во зајакнувањето на институционалните капацитети и унапредувањето на безбедноста, како и во остварувањето на заедничката визија за сигурна, стабилна и европска Македонија.

„Со обезбедувањето на техничка опрема ја продолжуваме нашата долгогодишна доверлива полициска соработка. Зајакнувањето на капацитетите на Северна Македонија во делот на граничниот надзор, во борбата против трговијата со луѓе, илегалната миграција и прекуграничниот криминал е во наш заеднички европски интерес. Заедно работиме на јакнење на Европа – денес и во иднина.“, истакна амбасадорката Дрекслер.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски – Нејнски: Односите меѓу Македонија и Бугарија треба да се градат врз принципите на добрососедство и пријателство

Објавено пред

Од

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утрово оствари телефонски разговор со новоименуваната министерка за надворешни работи на Република Бугарија, Надежда Нејнски.

dobivaj vesti na viber

Министерот Муцунски упати искрени честитки по повод нејзиното именување и ѝ посака успех во извршувањето на функцијата.

Во рамки на разговорот, тој нагласи дека односите меѓу двете земји треба да се градат врз принципите на добрососедство, пријателство и конструктивна соработка.

Воедно, беше иницирана билатерална средба меѓу двајцата министри, која би се реализирала во наредниот период.

Прикажи повеќе...

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Ристоска да биде реална и искрена и да престане да лобира кај функционери на ВМРО-ДПМНЕ

Објавено пред

Од

Ленче Ристоска која е навикната на подобноста од времето на СЈО, мора да знае дека ова се други времиња и потребни се лица со интегритет, професионалност и одговорност да извршуваат таква позиција, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Ристоска мора да е свесна дека има јасни критериуми за таа позиција и дека ако таа е навикната подобноста да е еден од нив, како што тоа беше во СЈО каде таа беше десна рака на Јанева, тоа овој пат не е случај. Ова се други времиња и потребни се интегритет, професионалност, одговорност. Дури и во Мамас како фирма примале лица со повисоки критериуми од критериумите кои ги практикувале при прием на кадри во СЈО. Чудно е од друга страна пак што ист човек во својата приватна фирма (Мамас) да прима луѓе по одредени критериуми, а кога бирал за државно обвинителство примал луѓе кои беспоговорно го слушаат и без никакви критериуми. Инаку мора да сме искрени, подобноста е најсилниот атрибут и особина на Ристовска и нејзиниот неизбор е токму сигнал дека тоа овде не е пресудно, туку далеку поразлични и побитни критериуми“, велат од партијата.

Од таму и порачаа на Ристоска барем да биде реална и искрена, и додека говори јавно за подобност и критериуми, и глуми, велат од ВМРО-ДПМНЕ, барем да престане да лобира кај функционери на ВМРО-ДПМНЕ.

„Не е ова СДС и СЈО. Тоа време помина“, велат од партијата.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ3 минути

Истрага за свирепо убиство во Челопек: Млад маж убил старица што живеела сама, се проверува и поврзаноста со слични злосторства

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано...

Македонија13 минути

(Фото) Германија донира техничка опрема и возила од 600.000 евра на МВР

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска во кругот на Министерството за внатрешни работи присуствуваше на церемонија на примопредавање на...

Свет32 минути

Украински генерал: Можеме да се бориме уште со години

Олександр Пивненко, командант на Националната гарда на Украина, изјави дека Украина е способна да води војна уште неколку години и...

Македонија2 часа

Ристоска со реакција на изјавата на Мицкоски дека таа не е во игра за нов државен јавен обвинител

Во врска со изјавата на премиерот, Христијан Мицкоски, дека Ленче Ристоска не е во игра за нов државен јавен обвинител, што...

Македонија3 часа

Ако сѐ било по пропис, зошто Владата не ги објавува листите со патници во авионот, прашува СДСМ

Доколку користењето на владиниот авион од било целосно согласно законите и прописите, тогаш зошто Владата упорно одбива да ги објави...

Свет3 часа

Европските дипломати претпазливи во врска со подемот на Венс, оценуваат експертите

Европските сојузници внимателно го следат политичкиот подем на американскиот потпретседател Џеј Ди Венс, кого некои аналитичари го сметаат за поидеолошки...

Свет3 часа

Финскиот претседател: САД не можат да ни забранат да се бориме против Русија

Финскиот претседател, Александар Стаб, изјави дека САД не можат да ѝ наредат на Финска да се откаже од својата одбрана...

Свет3 часа

Принцот Ендрју е првиот член на британското кралско семејство уапсен по 400 години

Иако наводно бил омилен на неговата мајка, кралицата Елизабета II, поранешниот принц Ендрју долго време е извор на проблеми за...

Свет4 часа

(Видео) Трамп: Сакав да си го доделам Медалот на честа затоа што бев неверојатно храбар кога отидов во Ирак

Доналд Трамп рече дека сака да си го додели Конгресниот Медал на честа. 79-годишниот Трамп зборуваше на митинг во Ромео,...

Македонија15 часа

По 100 дена мандат, Ѓорѓиевски порача: „Скопје повторно почна да дише“

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави отчет за првите 100 дена од мандатот, наведувајќи дека ја презел функцијата во...

Македонија20 часа

Донесени пресуди за случајот „Премин“, обвинителството најави жалба

Денеска, во Основниот кривичен суд Скопје, беше објавена неправосилна пресуда во предметот со кодно име „Премин“, застапуван од Специјализираното одделение...

Македонија20 часа

Поранешен градоначалник на Росоман исплатил личен долг од 500.000 денари од општинскиот буџет

Полицијата поднесе кривична пријава против С.Н.(29) од Росоман поради постоење основи за сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службената...

Македонија22 часа

Сиљановска – Давкова: Имаме најмало и најстаро владино авионче во регионот, секогаш имам дилема дали да летам со него

Претседателката, Гордана Сиљановска – Давкова, призна дека секогаш има дилема кога треба да се вози со владиниот авион затоа што...

Македонија1 ден

Семејството на Мицкоски никогаш не го користело владиниот авион, ама затоа Заев бил со семејството на одмор во Амстердам, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Семејството на премиерот Христијан Мицкоски никогаш не го користело владиниот авион. Но, очигледно е дека работи фројдовскиот елемент кај СДС,...

Македонија1 ден

Кривични против претседатели и вработени во Здружението на инвалиди на трудот – Штип, си присвоиле над 300.000 денари

Полицијата поднесе кривични пријави против поранешни претседатели и вработени во Здружението на инвалиди на трудот – Штип за сторени продолжени...

Македонија1 ден

Сопствениците на кучиња да го почитуваат законот и да ги микрочипираат милениците, апелира АХВ

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) апелира до сопствениците на домашни миленици – кучиња за исполнување на законската обврска за...

Економија1 ден

Николоски: Воведовме 23 нови линии во авиосообраќајот, имаме рекордна бројка на патници, а годинава очекувам да порасне над 4 милиони патници

Од изборот на Владата до денес имаме нови 23 директни летови, охридскиот и скопскиот аеродром поминаа 3,5 милиони патници, оваа...

Европа1 ден

(Видео) Зеленски: Десетици илјади Украинци загинаа за Донбас, не се работи за земјата, туку за луѓето

Претседателот Володимир Зеленски вчера повтори дека Украина нема да отстапи територија на Русија, ниту да се повлече од областите што...

Регион1 ден

(Видео) Дете висеше од ски-лифт на Јахорина па падна, скијачите се обидоа да го фатат

Вчера, дете падна од жичницата на планината Јахорина во Босна и Херцеговина откако некое време висеше држејќи се за седиштето....

Свет1 ден

Утре прв состанок на Одборот за мир на Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп утре ќе претседава со првиот состанок на Одборот за мир, во сенка на нерешени прашања за...