Македонија
Инспекторите ќе добијат поголеми овластувања за справување со прекршителите на ковид-протоколите
Денеска, заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, министерот за здравство, Венко Филипче, претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска-Грашкоска, и директорите на инспекциските служби, одржаа состанок во врска со спроведените инспекциски контроли во текот на изминатиот викенд, како и предлозите за зголемување на надлежностите на инспекторатите.
На состанокот беа разгледани предложените измени на Законот за заштита на населението од заразни болести, со кои се предвидуваат нови поголеми овластувањa на инспекциските служби за справување со прекршителите на ковид-протоколите.
Новите поголеми овластувања е предвидено да важат за сите инспекциски служби на национално и на локално ниво. Предлог-измените ќе бидат доставени на утрешната владина седница.
Од почетокот на месецот до денеска Државниот пазарен инспекторат изврши 160 контроли во целата држава, од кои најмногу во Битола (37), Гостивар (30), Скопје (28) и во други градови. Притоа поднесени се 18 кривични пријави, издадени се 8 решенија за пречекорување на работното време и изречени се 22 глоби.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 11.00 часот корисниците на ул. 368 бр.3 (општина Кисела Вода)
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 200 метри на патниот правец Тетово – Гостивар, Сарамзалино – Штип 100 метри, намалена видливост до 200 метри на патниот правец Куманово – Страцин.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода дел од Карпош
ЈП Водовод и канализација Скопје известува дека денеска поради промена на шибер од ф 100мм на улицата Драгиша Мишовиќ бб без вода ќе бидат корисниците од улицата Драгиша Мишовиќ.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.

