Македонија
Исклучоци од мерката за забрана за групирање повеќе од четири лица на јавен простор
Мерката на Владата за забрана на групирање повеќе од четири лица на јавен простор има точно утврдени исклучоци, соопшти Владата.
Одлуката на Владата за забрана за собирања во групи на повеќе од четири лица на јавен простор, односно паркови, јавни површини или каде било на отворен простор во текот на целиот ден, цела седмица, што ја донесе на 18-тата седница, има точно дефинирани исклучоци и не се однесува и не важи:
– за родители со деца од исто семејство;
– при организирање настава на отворено како дел од формалното образование во образовните институции и установи за згрижување деца;
– при чекање на постојка за превоз на патници;
– при професионални спортски тренинзи и натпревари;
– при организирање и одржување службени собири (состаноци, работилници, обуки, конференции, седници и сл.), кои се неопходни за да се обезбеди континуирано работење на институциите, деловните субјекти и други организации;
– Ппри вршење работни задачи од вработени лица во есенцијални служби, како полиција, војска, противпожарна служба, обезбедување, здравство и слично;
– за лица затекнати во вршење работни задачи при давање прва помош во животозагрозувачки состојби;
– при пристапување на економски оператори во нивните капацитети, простории/објекти поради добивање услуга, чекање во ред пред оператор и слично, со одржување на дозволеното минимално растојание од најмалку 1,5-2 метра при добивање на услугата; и
– за вршење други активности што се утврдени и се одвиваат со задолжително почитување на привремените мерки, наредените мерки и наменските протоколи, планови и алгоритми (https://vlada.mk/protokoli-koronavirus) за постапување во согласност со оваа одлука.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Снег со слаб интензитет провејува во Струмица, Крушево и Ѓавато кој не се задржува на коловозот
АМСМ информира дека сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај. Сообраќајот се одвива непречено, но поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење.
Екипите на ЈП Македонија пат се целосно екипирани, ставена е на располагање потребната механизација и работна сила и во континуитет на терен се врши расчистување на снегот. Во соработка со ЈП за државни патишта и Министерство за транспорт се вршат координирани активности со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, велат од АМСМ.
Покрај внимателно и совесно управување со возилата, се препорачува задолжително употреба на зимска опрема, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и прилагодена брзина согласно условите на патните правци.
Исто така се препорачува навремено информирање од страна на сите информативни центри за условите и сообраќајот на државните патишта.
Кооридинираните активности на надлежните институции продолжуваат и во текот на наредниот перидод, со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.
Снег со слаб интензитет провејува во Струмица, Крушево и Ѓавато кој во мометов не се задржува на коловозот. Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози.
На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
(Видео) Ѓорѓиевски: Додека градот спие, ние сме будни, грижата за граѓаните не познава пауза
Заедно со дежурната зимска служба на Град Скопје, во текот на целата ноќ сме на терен, на улиците и булеварите под надлежност на градот, каде навремено посипуваме сол поради ниските температури, со посебен фокус на критичните точки, напиша на социјалните мрежи, градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
„Додека градот спие, ние сме будни, бидејќи грижата за граѓаните не познава пауза, ниту пак временски услови“, додаде тој.
Македонија
Без струја денеска дел од Бутел
Од ЕВН Македонија известуваат дека за денеска е планиран прекин и тоа:
– во периодот од 09:00 до 10:30 часот, дел од потрошувачите на улицата Гемиџиска (првите куќи на почетокот од улицата) и деловните објекти на почетокот од ул.Ферид Бајрами каде се наоѓа предметниот објект. (општина Бутел)

