Македонија
Исконтролирани 347 угостителски објекти – три лица лишени од слобода
Денеска во периодот од 00.00 до 04.00 часот полициски службеници од сите сектори за внатрешни работи во рамки на Бирото за јавна безбедност, во координација со инспектори од Државниот пазарен инспекторат спроведоа акциска контрола во угостителски објекти на целата територија на државата, во која биле исконтролирани 347 угостителски објекти.
При контролата во повеќе угостителски објекти после полноќ констатирано е присуство на 56 малолетници, спротивно на законот, а на подрачјето на СВР Велес утврдено е кривично дело „точење на алкохол на малолетно лице“, казниво по член 204 од Кривичниот законик и сите се соодветно санкционирани.
На подрачјето на СВР Скопје откриени се кривични дела по член 215 од Кривичниот законик, кој се однесува на „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекусори“, при што лишени од слобода се 3 лица, две на подрачјето на Центар и едно на Карпош. При преглед кај нив се пронајдени и одземени ќеси со бела прашкаста материја, грутчеста материја и марихуана.
Во угостителски објект на подрачјето на Центар во Скопје, затекнати биле лица без вакцинален сертификат, на кои ќе им бидат поднесени пријави согласно член 206 од Кривичниот законик, а од страна на ДПИ објектот е запечатен и ќе следи соодветна прекршочна санкција.
При спроведената акциска контрола покрената е соодветна постапка против две лица кои се однесувале агресивно и спречувале полициски службеници во вршење на службени дејства. Откриени се 3 прекршоци од Законот за заштита од пушење, 3 по член 8 од Законот за прекршоците против за јавниот ред и мир и еден од Законот за странци.
Против сите лица кои сториле прекршок или кривично дело ќе биде поднесен соодветен поднесок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· од 09.00 до 11.00 часот корисниците, од булевар Јане Сандански бр. 30. (Општина Аеродром)
· од 09.00 до 11.00 часот дел од корисниците на ул. Индира Ганди. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар, Ѓавато и Пресека
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП МакедонијаПат.
Намалена видливост до 100 метри поради магла има на планинскиот превој Плетвар, Ѓавато и Пресека, извести АМСМ.
Од 05:25 часот на патниот правец P1105 Удово-Валандово има излевање на Калковска Река на коловозот, се воведува забрана за сообракајот на тој патен правец и се пренасочува на патниот правец Р1401 село Марвинци-Валандово.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со повремен слаб дожд и ветер
Времето денеска ќе биде облачно со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Времето во наредните денови
Денеска наместа ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Потоа во следните два дена времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Нови врнежи од дожд, а на планините снег се очекуваат од четврток.

