Македонија
(Видео) Истражување: Граѓаните се поголеми оптимисти за влез на Македонија во ЕУ
Според истражувањата на „Евротинк“, направени во периодот од 1 до 21 март на 1.043 испитаници, зголемен е бројот на граѓани што сметаат дека Македонија треба да влезе во Европската Унија, дури 70 отсто од испитаниците сметаат дека Македонија е на вистинскиот пат.
Во споредба со 2015 година, процентот на овие граѓани се зголемил 3 отсто, од кои најголем број во последната година. Исто така, зголемен е и бројот на оние што мислат дека Македонија ќе успее да се интегрира во ЕУ во наредните 5 години, односно 32 отсто од испитаниците, што е 3 отсто повеќе од претходната година.

Невладината „Евротинк“ исто така направи истражување и за договорот што Македонија го потпиша со Бугарија за добрососедство. Од ноември минатата година до март оваа година позитивната оценка од граѓаните за овој договор се зголемува, а негативната опаѓа. Речиси 49 отсто од граѓаните во март договорот со Бугарија го оцениле како позитивен за разлика од ноември кога само 30 отсто од граѓаните сметале дека договорот со соседна Бугарија е позитивен за Македонија.
Во однос на економските односи помеѓу Бугарија и Македонија, 59 отсто од испитаниците сметаат дека двете држави имаат еднаква корист, 21 отсто сметаат дека само Бугарија има голема корист од овој договор, а само 6 отсто од испитаниците мислат дека Македонија има корист од потпишувањето на договорот за добрососедство.

39 отсто од испитаниците сметаат дека меѓународната позиција на Македонија е иста со онаа од пред 12 месеци, 27 проценти мислат дека е послаба, а 26 отсто сметаат дека е посилна. Најголем оптимизам во однос на подобрување на меѓународната позиција на државата имаат членовите на „Алијансата за Албанците“ и СДСМ, а членовите на ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека со доаѓањето на новата власт меѓународната позиција на државата опаѓа.
Спроведеното истражување покажа дека, според Македонците и Албанците, најголем непријател на Македонија е Грција, а грчките граѓани сметаат дека најголем непријател за нив е Турција, која Македонците ја сметаат како најголем пријател.

Прашањето за проблемот за името со Грција според 42,8 отсто од испитаниците е важно, а за 12 отсто воопшто не е важно. Во споредба со ова, дури 65 отсто од грчките испитаници сметаат дека е важно да се реши овој проблем. Висок е процентот на Македонци и Грци што сметаат дека одложувањето на разрешување на спорот за името е на штета на двете држави.
Најголем број од испитаниците во Македонија смета дека односите со Грција не се ниту добри ниту лоши. Триесет и еден отсто сметаат дека односите со нашиот јужен сосед се само лоши, а 14 отсто дека се добри.
Виктор Јованов
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.
Македонија
Жичницата на Водно не работи поради силен ветер
Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје преку својата фејсбук страница информира дека жичницата на Водно денеска нема да биде во функција поради засилен ветер.
Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно., велат од ЈСП.
„Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците“, велат од претпријатието.

