Македонија
Итна седница на Советот на Град Скопје во вторник

Градот Скопје изразува длабоко сочувство до семејствата на настраданите во страшната несреќа која ноќеска се случи во Кочани. Трагедијата која што се случи е огромна, нема зборови што можат да ја искажат болката и тагата за загубата на нашите сограѓани.
Сочувство до семејствата и роднините на настраданите изразија Претседателот на Советот на Град Скопје и Градоначалникот на Град Скопје кои во рамки на коодинираните активности за помош на семејствата на жртвите и повредените при катастрофалниот настан во Кочани, организираат итна седница на Советот на Град Скопје која претседателот на Совет ќе ја свика за вторник 18 март.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ЦУК: Пронајдени рачни бомби во нива во Тетовско и американска авионска бомба од минатите војни во Битолско

За пронајдени неексплодирани убојни средства известува РЦУК Тетово. Конкретно, преку 112 во ЦУК е пријавено пронаоѓање рачни бомби на приватна нива во близина на „Еко Флор Плус“ во село Боговиње.
Веднаш по примањето на пријавата, вработени од Полициската станица Камењане пристигнале на местото. Известени беа и ДЗС Тетово за случајот, а преку консултација со надлежните органи, беше утврдено дека за отстранување на рачните бомби ќе пристапат специјализирани лица од Куманово. Поради стемнувањето, акцијата е одложена за денеска, при што местото е привремено обезбедено од страна на ПС Камењане, додека не се отстранат рачните бомби.
РЦУК Битола, ја пренесува информацијата од пиротехничар од ДЗС дека на вчера има подигнато авионска бомба со 154 калибар (од американско производство) од Првата светска војна. Бомбата е безбедно отстранета, подигната во 11.45 часот во село Армаруш во општина Новаци.
Македонија
ДУИ: Прес-конференцијата на Тошковски и Коцевски – најголемата карикатура на заробената држава

„Прес-конференцијата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и јавниот обвинител Љупчо Коцевски претставува најголемата карикатура на заробената држава“, велат од ДУИ.
„Наместо вистинска правда за трагедијата во Кочани, пред јавноста се демонстрира трговија со влијание – еден вид трансакциска заштита меѓу главниот виновник, министерот Тошковски, и обвинител кој се наоѓа под политички притисок, со функција што зависи од волјата на премиерот.
ДУИ им апелира на професионалците во Министерството за внатрешни работи и во Јавното обвинителство да не дозволат да бидат дел од оваа трговија со влијание и на тој начин да не ја легитимираат оваа политичка зделка.
Вистинската правда не смее да се крие зад селективни истраги и медиумски перформанси. Јавноста со право бара одговорноста за ужасната трагедија во Кочани да се утврди точно и правично.
Она што ни се прикажува не е правда – туку институционален агресивен напад, еднострански насочен кон албанскиот народ во оваа држава“, се наведува во соопштението на ДУИ.
Македонија
Делови од Ѓорче Петров, Кисела Вода, Аеродром и Чаир денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа, без напојување со електрична енергија ќе останат:
– од 09:00 до 10:30 часот, корисниците од дел од с. Кучково. (Општина Ѓорче Петров)
· од 09:00 до 12:00 часот, корисниците од улиците: Ѓорѓи Сугаре, Михаил Чаков и Петар Делјан. (Општина Кисела Вода)
· од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од улиците: Хаџи Трајко, Горноврановска, Лисец, Божин Николов Силни и Горно Лисиче. (Општина Аеродром)
· од 09:00 до 16:00 часот, корисниците од улиците со бр. 44, 46, 54, 62, 64 и 66 во нас. Кисела Јабука. (Општина Ѓорче Петров)
· од 11:00 до 13:00 часот, корисниците од дел од објектите во Касарната Илинден (во близина на АКВАДУКТОТ). (Општина Чаир)