Македонија
ИЈЗ: 70,1% повеќе нови позитивни во однос на претходната недела
Министерството за здравство информира дека согласно извештајот на Институтот за јавно здравје кој се однесува на периодот од 26 октомври до 1 ноември 2020 година, тестирани се вкупно 17.299 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2, што претставува зголемување од 23,6% во однос на претходната недела.
Регистрирани сe 5.800 нови позитивни случаи од 35 градови во државата со зголемување од 70,1% споредено со неделата претходно. Најголем дел од регистрираните случаи и натаму се од Скопје (n=2.690; 46,4%), каде што е забележана и највисока неделна инциденца – 435,5/100.000.
Во наведениот период, процентот на позитивни од тестирани лица изнесува 33,5%. Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст 30-39 (n=1283, 22,1%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од над 60 (n=1169; 20.2%), 40-49 (n=1089; 18,8%), 50-59 (n=1056; 18,2%) и 20-29 (n=866; 14.9%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=94; 1,6%) и 10-19 години (n=243; 4,2%).
Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 2.793 (48,2%) лица од женски и 3.007 (51,8%) од машки пол. Од случаите, епидемиолошки се истражени 839 или 14,5%.
По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 2.262 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, 696 повеќе во однос на претходната недела.
Пријавени се 88 смртни случаи од 21 град, зголемување од 4,8% во однос на минатата недела. Oд нив, 70 лица биле над 60 години, 12 лица на возраст од 50 до 59 години, 4 смртни случаи се пријавени од возрасната група 40-49 години и по еден во возрасните групи од 30 до 39 години и 20-29 години. Од смртните случаи, епидемиолошки се истражени 81 или 92%.
Деталниот извештај на Институтот за јавно здравје за Состојбата со Ковид-19 за периодот од 26.10-1.11.2020г. како и кумулативната состојба со Ковид-19 во земјава се објавува на веб-страницата на Институтот за јавно здравје http://iph.mk/.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Кисела Вода и Чаир денеска без струја
Од ЕВН Македонија информираат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, дел од корисниците од улиците Кујунџиска и Битпазарска, објектите лоцирани околу националната галерија Чифте Амам, како и дел од корисниците од старата чаршија. (општина Чаир)
– во периодот од 10.00 до 14.00 часот, корисниците од ул. Јустинијан Први лоцирани околу ДИМ Маркет, како и дел од корисниците од улицата Речиште. (општина Кисела Вода)
Македонија
Поради протест блокирани повеќе гранични премини за влез и излез од државата на товарни возила
Поради протест блокирани се повеќе гранични премини за влез и излез од државата на товарни моторни возила.
Како што известуваат од Макам-Транс, превозниците од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора на 26.01.2026 година започнаа протест со блокада на граничните премини за влез и излез на товарни моторни возила од државите кој ќе трае до надминување на проблемот за евиденција на престој на возачите во Шенген зоната.
Граничните премини кои се блокирани се: Деве Баир, Делчево, Ново Село, Дојран, Богородица, Меџитлија, Ќафасан, Блаце, Блато и Стење.
Затворени се граничните терминали за влез на товарни моторни возила на територија на нашата држава и на коловозните ленти на самите гранични премини за излез од државата, но само на делот за товарен сообраќај.
Патничкиот сообраќај за патници несметано ќе се врши на секој граничен премин, велат од Макам-Транс.
Како што информира АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода дел од Центар
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради давање водоводен приклучок од ф – 200 мм на улицата Титотвелешка б.б без вода ќе останат корисниците од населба Маџар Маало, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.30 часот па се до завршување на работата.

