Македонија
„И во последните денови од владеењето власта е брутална, сега си играат со судбината на Леонид“, вели ВМРО-ДПМНЕ
„Со СДС и ДУИ секојдневно тоне се, а цената дури и на последните денови од нивното владеење е висока, чини животи. На 6 февруари прва вест во медиумите беше заминување на Леонид Индов во Австрија. Се сликаа, се фалеа, директор на медицинска установа, дополнителниот министер за внатрешни работи дека обезбедиле и ќе имало прв меѓународен лет за медицински транспорт со хеликоптер“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
„Дури рекоа „ова е историски чин и многу е важно да се истакне дека транспортот е бесплатен и му следува на секој осигуреник во Македонија“. Се фалеа рутата на медикоптерот била Скопје – Осиек – Виена, рекоа Индов ќе биде транспортиран до Виена и ќе се лекува во центар за рехабилитација во Виена.
Летот на челниците од власта траеше кратко, за две недели стигна веста од ФЗО дека нема средства за лекување на Леонид.
Прво, што имаше историско во летот?
Второ, како се сликаат и се фалат за транспорт на пациент на кој за две недели му велат е нема да се лекуваш на товар на ФЗО?
Овој случај за жал е само уште во низата докази за, во најмала рака кажано, неспособноста на надлежните од власта кои ја држат државата и граѓаните во заложништво седум години. Сега си играат со судбината на Леонид!“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Шуто Оризари и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улицата Македонско Косовска Бригада лоцирани спрема подвозникот кај Визбегово, како и дел од корисниците од улицата Индира Ганди, лоцирани покрај пруга кај подвозникот, општина Шуто Оризари;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од улицата Фјодор Достоевски, општина Карпош.
Македонија
Голем одрон кај село Ратево, магла на патниот правец Тетово – Гостивар
На патниот правец Р-1302 Берово – Струмица (кај село Ратево) поради поголем одрон сообраќајот се одвива по направена девијација во должина од 50 метри. Намалена видливост и појава на магла на патниот правец Тетово – Гостивар до 70 метри, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода денеска објектите на хотел Континентал и Ист Гејт
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач на булеварот Александар Македонски бб (кај Континентал), прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на хотел Континентал и Ист Гејт.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

