Македонија
И министерот Филипче негативен на Ковид-19

Министерот за здравство, Венко Филипче, соопшти дека вечерва добил информација оти неговиот резултат на тестирањето на Ковид-19 е негативен.
„Негативниот резултат го добивам на осмиот ден од самоизолацијата, во која останувам до истекот на инкубацискиот период од 14 дена. Редовно одржувам онлајн-состаноци со Комисијата за заразни болести, моите колеги, институциите, медиумите и Владата“, напиша Филипче на „Фејсбук“ додавајќи дека ова ќе го практикува и во текот на наредната недела.
Тој нагласи дека почитувањето на мерките досега дава добри резултати и порача дека доколку сите заедно сме доследни на препораките и се приспособиме кон промените, многу побргу ќе ја надминеме оваа состојба.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Македонија со пад од шест места на Индексот за слобода на медиумите

Падот на Македонија за 6 места на Индексот за слобода на медиумите за 2025 година, објавен од „Репортери без граници“, е уште еден алармантен показател за погрешната насока во која оди државата под власта на ДПМНЕ, велат од СДСМ.
„Репортери без граници оценуваат дека независните медиуми се изложени „на закани и напади“ и констатира дека владините функционери имаат тенденција да имаат “лоши и понижувачки ставови кон новинарите“. Наместо да работат на унапредување на демократските стандарди, Владата предводена од ДПМНЕ се враќа на старите методи на контрола, притисоци и страв“, велат од СДСМ.
Според партијата, секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт, слободата на медиумите се гуши, новинарите се ставаат под притисок, а медиумскиот простор се затвора.
„Оваа тенденција повторно се потврдува. Слободата на медиумите е темел на секое демократско општество и СДСМ ќе продолжи да се бори против оваа регресија што ја спроведува ДПМНЕ. Медиумските слободи не смеат да бидат жртва на партиските апетити и авторитарните амбиции на ДПМНЕ“, се наведува во соопштението.
Македонија
Муцунски: Јапонија е еден од најзначајните билатерални донатори на нашата држава

Во рамки на работната посета на Јапонија, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со Шохеј Хара, заменик-претседател на Јапонската агенција за меѓународна соработка (JICA), надлежен за соработка со Европа. Како дел од владината делегација, на средбата присуствуваа и министерот за култура Зоран Љутков и генералниот секретар на Владата Игор Јанушев.
Во фокусот на разговорите беа важни и клучни прашања за понатамошната соработка, во делот на развојната и техничка помош која Јапонската Влада во континуитет ја дава на Република Северна Македонија преку финансирање на проекти и програми во разни области.
Министерот Муцунски истакна дека Јапонија е еден од најзначајните билатерални донатори на нашата држава, со вкупна помош која надминува 430 милиони евра. Тој изрази искрена благодарност за долгогодишната поддршка и партнерство, нагласувајќи дека Јапонија оставила траен позитивен белег во институционалниот, економскиот и општествениот развој на државата.
Македонија
СДСМ: Владата да ги објави сметките од гозбите во рестораните

Шокантен е одговорот на Владата по вчерашното објавување на сметките од над 30.000 евра што владините министри ги изеле и испиле во неколку ресторани во Скопје. Според Владата, тоа биле сметки од бифињата на министерствата, а не сметки за ручеци на министрите, велат од СДСМ.
Според партијата, прашањето е – колку вработени тоа јаделе и пиеле на државна сметка?
„Или станува збор само за министрите и кабинетите на министрите? Дали покрај тие трошоци, министрите правеле и ручеци во рестораните кои ги снабдуваат бифињата во министерствата? Колкав е тој вкупен трошок?“, велат од СДСМ.
Опозициската партија бара Владата итно да ги објави фактурите, деталните сметки кои ги поседува, за да се утврди дали и кои вработени направиле десетици илјади евра сметка за храна – или, пак, овие трошоци се направени од министрите по кафеаните.
„ВМРО-ДПМНЕ целосно се одлепи од реалноста. Откако потрошија 35.000 евра на манго и папаја, сега трошат по рестораните за ручеци и гозби. Ако се чесни – нека излезат во јавноста со детални сметки“, бара СДСМ.