Македонија
И попладнево големи гужви на граничните премини „Богородица“ и „Табановце“
Во текот на целиот ден колони возила се забележани на граничните премини „Табановце“ и „Богородица“.
Попладнево на ГП Табановце времето на чекање за влез во државата е околу 60-90 минути, а на ГП Богородица за излез се чека околу 40 минути.
На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Бесплатен ќе биде јавниот градски превоз денес по 18 часот
ЈСП Скопје ги информира граѓаните дека поради oвогодинешното издание на „Бела ноќ“, кое денеска (сабота, 5 октомври 2024) ќе се одржи на повеќе централни локации низ градот Скопје, во периодот од 18:00 часот од 2:00 по полноќ превозот на патниците во јавниот градски превоз ќе биде бесплатен.
Македонија
Бебе почина на Клиниката за детски болести во Скопје
Рано утринава на Клиниката за детски болести во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, почина 14-месечно девојче. Околу 04.50 часот на Детската клиника во Клинички центар „Мајка Тереза“, (В.С.) 29-годишен маж од село Гошинце и неговиот брат, оштетиле инвентар во болницата откако починало детето на В.С., информира МВР.
Бебето било донесено со Итна медицинска помош во болницата околу 03.45 часот, а причините за смртта дополнително ќе се утврдуваат.
„Денеска (05.10.2024) во СВР Скопје е пријавено дека околу 04.50 часот на Детската клиника во Клинички центар ‘Мајка Тереза’ В.С. (29) од с. Гошинце и неговиот брат Б.С. (35) од с. Гошинце оштетиле инвентар во болницата откако починала едногодишната ќерка на В.С., која, според пријавеното, била донесена со Итна медицинска помош во болницата околу 03.45 часот. Се преземаат мерки за расчистување на настанот“, велат од МВР.
Македонија
Поплави во Тетово, над 20 повици за помош добиле пожарникарите
Над 20 повици добиле ноќеска пожарникарите од Тетово за интервенци и испумпување на вода од поплавени куќи, дворови, подруми и улици. Најголем дел од поплавените куќи се во селата Мала Речица и Голема Речица. Интензивниот дожд траеше повеќе часа, а претпладнево нема врнежи.
Силниот и интензивен дожд што вчера попладнево и вечерва ја зафати Општина Тетово е причина за зголемување на бројот на повици до пожарникарите од страна на луѓе кои имаат потреба од нивна интервенција. Пожарникарите во текот на вчерашниот ден извлекуваа и неколку возила кои заглавиле кај поплавените подвозници.
Пред две недели, на 20 септември, силен дожд предизвика делумно поплавување на улици, дворови и куќи во градот како и во Мала Речица.