Македонија
И Чаир слави роденден

Со низа активности што ќе се случуваат во текот на целата седмица, Општина Чаир ќе го прослави нејзиниот роденден.
„По овој повод, ја изразуваме целосната подготвеност на новата раководна структура за зацврстување на конкретните чекори за секогаш да бидеме во ваша служба и за зголемувањето на нивото на транспарентност, континуирано известувајќи ве за преземените чекори. Во иднина нè очекува многу работа, вашиот придонес и поддршка несомнено би бил клуч на успехот. Напредокот се постигнува со искрена работа, трпение и пот за посакуваната средина. Секој ден од Вашиот живот нека биде инспирација и придонес за оваа Општина да рефлектира природна убавина и убавина на човековата среќа“, се вели во соопштението на Општината.
Роденденот Чаир ќе се одбележува со активности на ниво на општинските основни училишта и, како што велат, со многу работа за подобрување на патната инфраструктура и ревитализација на зелените површини.
Со целодневна хуманитарна забава, Општината Аеродром викендов го прослави 13. роденден.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Меџити: Со Чешка градиме заедничка зелена иднина

Министерот за животна средина и просторно планирање и прв заменик претседател на Владата, Изет Меџити, денеска учествуваше на Форумот за енергетика и технологија помеѓу Северна Македонија и Чешка, организиран од Амбасадата на Чешката Република во Скопје.
Настанот претставуваше значајна платформа за размена на идеи, искуства и иницирање нови форми на соработка меѓу институции, бизнисите и експерти од двете земји. Во фокусот беа теми како што се зелената транзиција, обновливите извори на енергија, дигитализацијата и технолошките иновации.
„Зелената транзиција не е само енергетски процес, туку и клучен еколошки и развоен чекор за иднината. Како Министерство, нашата задача е да ги интегрираме иновациите и технолошките решенија со одржливото просторно планирање и меѓународната соработка. Со оваа стратегија, создаваме здрава, отпорна и конкурентна средина која ќе им обезбеди подобра иднина на следните генерации“, изјави министерот Изет Меџити.
Форумот ја потврди подготвеноста на двете земји за интензивирање на заедничките напори во насока на технолошки напредок, енергетска одржливост и економски развој.
Македонија
Обраќање на Муцунски: Членството во Франкофонијата го гледаме како можност за афирмација на македонскиот идентитет, јазик, историја и богато културно наследство

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија беше организатор и домаќин на панел-дискусијата на тема „Улогата на Франкофонијата во светот и регионот“, организирана по повод Месецот на Франкофонијата. Настанот беше отворен со обраќање на министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Н.Е. Тимчо Муцунски.
На панел-дискусијата учествуваа амбасадорите на неколку франкофонски земји акредитирани во Република Северна Македонија, меѓу кои Франција, Швајцарија, Романија и Грција, кои преку свои излагања ја истакнаа важноста на Франкофонијата како платформа за мултилатерализам и културна разновидност.
Темата на панелот беше фокусирана на значењето на Франкофонијата како заедница на вредности, културен дијалог и солидарност, со посебен осврт на нејзината улога во современиот геополитички и регионален контекст.
„Франкофонијата не е само заедница на јазик, туку пред сè заедница на вредности – дијалог, еднаквост, почит и соработка. Во време на глобални предизвици, овие вредности се поважни од кога било и претставуваат патоказ за стабилност и развој во нашиот регион и пошироко,“ истакна министерот Тимчо Муцунски.
„Членството во Франкофонијата го гледаме како можност за афирмација на македонскиот идентитет, јазик, историја и богато културно наследство, но и на сите вредности на современото македонско општество – мирот, демократијата, толеранцијата и солидарноста“, додаде тој, нагласувајќи дека францускиот јазик е дел од нашата историја, но исто така и нераскинлив дел од нашата европска иднина.
Во своите обраќања, дипломатските претставници на франкофонските земји нагласија дека Франкофонијата претставува силна основа за градење мостови меѓу културите, поддршка на мирот и демократијата, како и промоција на образованието, младинските перспективи и родовата еднаквост. Тие ја подвлекоа и важноста од продлабочување на регионалната соработка во духот на франкофонските вредности.
Македонија
Голема полициска акција на повеќе локации: сомнение за кривични дела на штета на Фондот за здравство

Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, МВР спроведува координирана акција на повеќе локации низ државата.
Како што извести Обвинителството, станува збор за основано сомнение за сторени повеќе кривични дела со кои е сторена штета на Фондот за здравство.
„Со оглед на обемот на акцијата повеќе информации ќе бидат споделени по нејзиното завршување“, додаваат од ОЈО ГОКК.