Македонија
Кавракова: Време е за оставка на Мицкоски и за свикување вонреден конгрес
Време е за оставка на Христијан Мицкоски и за свикување вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, вели во писмен допис до медиумите Марина Кавракова, претседател на Градски комитет на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ и член на Иницијативниот одбор за свикување на вонреден конгрес.
„Во врска со актулените случувања во ВМРО-ДПМНЕ, а како долгогодишен членка и актуелна претседателка на Градскиот комитет на Унијата на жени во Скопје, чувствувам потреба јавно да го артикулирам мојот личен став. Во декември 2017 година на вонредниот конгрес на партијата во Валандово, делегатите на Конгресот меѓу кои и јас, го избравме Христијан Мицкоски за претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Тогаш многумина од нас гледаа во него нова надеж и нова енергија во ВМРО-ДПМНЕ. Гледавме како на човек со кого многу брзо ќе се вратиме на победничките патеки. Членството му веруваше и очекуваше.
Мицкоски во говорот на Конгресот, но и подоцна, постојано повторуваше дека главна цел му е консолидација на партијата и победа на следните парламентарни избори. Велеше дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ треба да исполнува три основни столба: „да биде лик што ќе биде прифатен од сите граѓани, да има позитивен рејтинг во јавноста и да биде прифатен од меѓународната заедница“, вели Кавракова.
Според неа, „со овие негови позиции тогаш се согласивме 376 делегати на Конгресот во Валандово, но и најголемиот број на членови на партијата. Наследи партиска структура што беше желна за работа и победа на следните парламентарни избори. Во нив се вбројувам и себе си, како член на тесното раководство на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ, како и претседател на скопскиот Градски комитет на УЖ. Сите заедно работевме за победа на последните парламентарни избори“.
„Мицкоски не уверуваше дека победата само што не дошла. Се сервираа нереални анкети во кои убедливо водевме. За жал се покажа дека тоа било само лажна надеж, купување време и мир во партиската структура.Се покажа дека Мицкоски бил лажна надеж. Се покажа дека нема капацитет да ја консолидира партијата, наместо тоа тој го подели членството на кредибилни и некредибилни, на инфицирани и неинфицирани … Се покажа дека тој не може да ја врати партијата на победничките патеки.Денес, од оние фамозни три столба кои сам си ги постави како услов за успех, не исполнува ниту еден од нив. Токму затоа е време за оставка и за свикување вонреден конгрес“, додава Марина Кавракова.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Угинат балкански рис најден на патот Ресен – Охрид, постојат само 50-тина единки од овој вид
Угинат рис денеска е пронајден на патот Ресен – Охрид. Од Македонското еколошко друштво (МЕД) велат дека ваквиот случај не треба да нè остави рамнодушни, особено ако се земе предвид дека постојат уште само 50-ина единки на балканскиот рис.
„По дојава од Здружението на ловци „Преспа-Ресен“, денеска на терен констатиравме дека е угинат рис на патот Ресен-Охрид. Во тек е координирана акција со Министерството за животна средина и просторно планирање, Државниот инспекторат за животна средина, Агенцијата за храна и ветеринарство и Македонското еколошко друштво со цел земање примероци за анализа и транспортирање на угинатото животно на Факултетот за ветеринарна медицина при УКИМ – Скопје заради обдукција“, велат од МЕД.
Од таму велат дека за зачувување на загрозените видови потребно е да се изградат зелени мостови.
„Ваквите случаи не нè оставаат рамнодушни, особено ако се земе предвид дека постојат уште само 50-на единки на балканскиот рис. Истовремено, се јасен показател дека ако сакаме да ги зачуваме загрозените видови, мора да се планираат и градат зелени мостови преку кои животните ќе можат безбедно да се движат и да ги надминуваат пречките создадени од човекот“, велат од МЕД.
фото/Facebook/Македонско еколошко друштво
Македонија
Ѓорѓиевски на ифтарска вечера: Ваквите моменти нè потсетуваат дека различностите се наше богатство
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на покана на поглаварот на Исламската верска заедница, присуствуваше на ифтарска вечера.

„Таму каде што почитта нè обединува! Вечерва, на покана на поглаварот на Исламската верска заедница, Реис ул-Улема, присуствував на традиционалната ифтарска вечера со нашите браќа и сестри од исламска вероисповед. Во духот на меѓусебната почит, разбирање и искрена човечка блискост, вечерта помина во пријатна и топла атмосфера, испраќајќи силна порака за соживот, толеранција и заедништво. Токму ваквите моменти нè потсетуваат дека различностите се наше богатство, а почитта, наш заеднички темел“, напиша Ѓорѓиевски.

Додаде дека рамазанските денови се денови на духовна сила, добрина, солидарност и обединување, денови кога се отвораат срцата, кога се помага на ближниот и кога уште повеќе се зацврстуваат врските меѓу луѓето.
„Да продолжиме да се почитуваме, да се поддржуваме и да останеме сплотени, за заедно да ја оствариме нашата мисија – силно и модерно Скопје и просперитетна Македонија“, напиша градоначалникот.
Македонија
Предлогот за минимална плата од 600 евра не помина на Комисија во Собрание
Предлогот минималната плата да се зголеми на 36.960 денари (600 евра) од март, денеска не помина на седницата на собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика, откако официјално беше поднесен од пратеничката група на СДСМ.
Од опозицијата обвинија дека власта освен предлогот за јавна расправа го одбила и разговорот меѓу синдикатите, работодавачите и Владата.
„Предлогот за изменување и дополнување на Законот за минималната плата, поднесен од пратениците на СДСМ денеска не беше прифатен на собраниската Комисија за економски прашања. За законот дебатираа само пратениците од опозицијата. Власта го одби и предлогот за јавна расправа, одби разговор меѓу синдикатите, работодавачите и Владата. Одбија решение за работниците. Одбија 600 евра минимална плата“, велат од СДСМ.
Според нив, власта има пари за луксузирање, за мебел, чанти, авион ама нема за поголеми плати за раотниците.
„Парите за авионот не е исфрлени, нема реабаланс на Буџетот, затоа што немаат намера да се откажат. Гледаме координирана кампања на 40% од медиумите кои ги држат во сопственост преку Орбан, со наратив дека „потребен е авион“. Не запираат. Има за авион. Има за мебел. Нема за плати. Дефокус не го полни фрижидерот. Со дефокус не можете да ја оттурнете главната тема и да ги оставите работниците без леб. Мислите дека со дефокус ќе се избрише сеќавањето на авионот, часовниците од 65.000 евра, чантите од 30.000 долари?“, прашуваат од СДСМ.

