Македонија
Кадрите на Села и Ахмети печалеле од бизниси со коцкарници, обвини „Вреди“ и најави дека ќе обелодени повеќе случаи на корупција
Коалицијата „Вреди“ соопшти дека стартува со серија прес-конференции со кои на јавноста ќе и предочат информации за политичка корупција, во режија на истакнати кадри на Европскиот Фронт на чело со Али Ахмети и Зијадин Села.
Од коалицијата посочија дека станува збор за сериозни скандали, кои меѓу другото ќе покажат со кои методи за остварување политичко влијание се служеле ДУИ и Артан Груби како непосреден извршител на сите сценарија за политичка корупција.
„На оваа прес конференција ќе објавиме информации за тендерите кои ги добила фамилијарно поврзаната фирма со пратеникот на Европскиот Фронт, Елми Азири, кој беше еден од најгласните поддржувачи на коалицијата на Зијадин Села со Али Ахмети. Артан Ајрули фигурира како сопственик на фирмата РИТРОН КОПИ ДООЕЛ, увоз-извоз Куманово, кој е внук на сопругата на Елми Азири. Оваа фирма во текот на 2022 година, во само три месеци има добиено две јавни набавки во Државна Лотарија каде директор беше Прпарим Бајрами, десна рака на Артан Груби. Набавките се однесуваат на набавки на компјутерска опрема, графички и ТВ станици за извлекување лотарија и телевизори за инсталација на електронски игри. Вкупната вредност само на овие две набавки преку Државна Лотарија, заедно со анексите, изнесуваат околу 3 милиони денари“, соопшти „Вреди“.
Напоменуваат дека ова се информации само од една институција.
Овие скандалозни информации, велат од „Вреди“, се директна потврда дека ДУИ владеел како криминална организација во чија мрежа се фаќале оние кои политиката ја доживуваат како можност за лично и богатење на нивните фамилии.
„Забележете ја иронијата! Кадрите на Зијадин Села и Али Ахмети кои преку ден лажно ги бранат граѓаните од коцката, печалеле токму од бизниси со коцкарници. Претседателот на огранокот во Боговиње, Сафет Мифтари е уапсен за организирање криминално коцкање преку интернет, фамилијарно поврзаната фирма на пратеникот Елми Азири, добивала тендери од Државна Лотарија. Едвај чекаме Европскиот Фронт конечно да излезе на мегдан со своето членство“, додаваат од „Вреди“.
Коалицијата заклучува дека ДУИ оставиле илјадници луѓе без решен професионален статус, за предизборно да ги уценуваат за гласови, додека функционерите грабале се што ќе им дошло до рака.
Партијата најавува одговорност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар, Ѓавато и Пресека
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП МакедонијаПат.
Намалена видливост до 100 метри поради магла има на планинскиот превој Плетвар, Ѓавато и Пресека, извести АМСМ.
Од 05:25 часот на патниот правец P1105 Удово-Валандово има излевање на Калковска Река на коловозот, се воведува забрана за сообракајот на тој патен правец и се пренасочува на патниот правец Р1401 село Марвинци-Валандово.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со повремен слаб дожд и ветер
Времето денеска ќе биде облачно со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Времето во наредните денови
Денеска наместа ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Потоа во следните два дена времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Нови врнежи од дожд, а на планините снег се очекуваат од четврток.
Македонија
(Видео) Безбеден град денес регистрираше 500 казни
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вечерва преку објава на социјалната мрежа Фејсбук им порача на граѓаните дека треба да бидат горди на себе.
-Први февруари 2026 година, околу 20 часот. Има драстично намалување на бројката на сообраќајни прекршоци споредено со пред 2 месеци кога почнавме со тест периодот. Имаме околу 500 сообраќајни прекршоци констатирани од страна на паметните камери и сакам да укажам огромна благодарност до македонските граѓани и совесните учесници во рамки на сообраќајот зашто вие сте тие кои овозможивте драстично да се намали бројката за период од околу 2 месеци од 120 илјади прекршоци на 500, порача министерот.

