Македонија
Кадриу и Дехари не се согласуваат со одлуката да не се покрене постапка против ТВ„Алфа“ за емисијата на Миленко
Членовите на комисијата за заштита од дискриминација, Беким Кадриу и Ирфан Дехари, со издвоено мислење од мислењето на мнозинството во комисијата за случајот против „Алфа телевизија“, а за емисијата на Миленко Неделковски, во која, според подносителот на претставката, постои дискриминација по основ на етничка припадност.
Комисијата одлучи да не поведува постапка за дискриминација против ТВ „Алфа“ поради тоа што наводно истата претставка се однесува „на погрешно лице”. Мнозинството од Комисијата смета дека претставката не може да се однесува на ТВ „Алфа“ затоа што емисијата на Миленко Неделковски бил надворешен проект, па ТВ „Алфа“ не може да сноси одговорност за тоа што се емитува како надворешен проект.
Кадриу и Дехари сметаат дека комисијата треба:
– да поведе постапка за овој случај, поради дискриминаторската содржина на емисијата, а не да се сокрива зад тоа против кого е поднесена претставата,
-по поведување на постапката, Комисијата треба да одлучи дека постои (а) вознемирување и (б) поттикнување на дискриминацијата сторена од ТВ „Алфа“ врз основа на етничка припадност,
– комисијата треба да препорача да се отстрани повредата, како и да не се повтори во иднина, на начин што медиумот мора да ги почитува законските одредби за забрана на дискриминација и да сноси одговорност за тоа што го емитува.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

