Македонија
Каевски: За 2 години локална власт, ДПМНЕ и Стефкоски во Гази Баба имаат нула резултати
По две години локална власт на ДПМНЕ во над 40 општини, градоначалниците на оваа партија имаат нула резултати. Ниту еден од ветените проекти во изборните програми на градоначалниците од ДПМНЕ не се остварени, изјави на прес-конференција, портпаролот и пратеник на СДСМ, Дарко Каевски.
„Досега наведовме 10 примери, големи општини во републиката, кои под капата на ДПМНЕ стагнираат наместо да се развиваат. Катастрофално лоши резултати во работата во првите 2 години граѓаните гледаат и во Гази Баба. ДПМНЕ и Стефкоски ги изневерија граѓаните. Едно зборуваа пред локалните избори, а сега нема ништо од тоа, една голема НУЛА. Ги нема ветените 4 нови градинки наведени во изборната програма. Нема ниту нови 4 спортски центри во Гази Баба. Нема нови улици, ги нема ниту ветените нови 2 клучки на булеварот Александар Македонски. Но, затоа во Гази Баба има нечистотија, ѓубре и диви депонии. Згора на сè, ДПМНЕ и Стефкоски ги задолжија граѓаните на Гази Баба со нови 5 милиони евра“, рече Каевски.
Додаде дека половина од мандатот помина, а истата матрица на ДПМНЕ ја гледаат граѓаните: неработа, нови долгови и безброј неисполнети ветувања.
Според СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ ја има најнеспособната локална власт.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Времето денес променливо облачно со сончеви периоди
Времето денес ќе биде променливо облачно време со сончеви периоди и со локална појава на пороен дожд и грмежи.
Наместа процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (поголема количина за кратко време), силен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степени. УВ=7
Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 31 степен, јавува УХМР.
Во наредните денови се очекува сончево и топло време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер, во вторник од западен, а потоа од северен правец. Во попладневните часови ќе има услови за ретка појава на пороен дожд и грмежи.
Македонија
Делови од Радишани и Волково без струја
ЕВН Македонија АД извести дека н 3 јуни ( понеделник ) без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од Волково лоцирани на потегот од кружниот тек кон село Кучково. (општина Ѓорче Петров )
– во периодот од 11.00 до 13.00 часот, корисниците од ул. Ѓоре Ѓоревски, лоцирани на третиот влез во населба Радишани. (општина Бутел )
Македонија
„Простор за разговор“ во Охрид
Вечерва со почеток во 20 часот, ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување во соработка со Интерарт културниот центар организира настан „Простор за разговор“ во Младинскиот центар во Охрид, за зајакнување на родовата еднаквост.
Настанот е дел од проектот „Простор за разговор“ со кој преку уметност, танц, театар и филм сплотени во еден перформанс целта е да се зајакне чувството на припадност кон заедницата, да се искоренат стереотипите и да се зајакнат младите, маргинализираните и лицата во социјален ризик.
„Простор за разговор“ се состои од краток филм и танцов перформанс, кои претставуваат уметничка рефлексија на темата и ќе бидат изведени од танчерите на Скопје танцовиот театар. По перформансот ќе има разговор на темата за родова еднаквост со публиката, со цел справување на проблемите на младите. Поканети се социолози, активисти и психолози, кои ќе говорат за тоа, каде сме и што треба понатаму да направиме во однос на социјалната положба и родовата еднаквост.
На 4. јуни (вторник) настанoт се одржува во Струга во Домот на културата во 12 часот, со што завршуваат низата перформанси што се одржаа изминатите 10 дена во шест градови низ државата.
Проектот „Простор за разговор“ е поддржан од Германија преку Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ) во рамки на регионалниот проект за социјално вклучување на ранливи групи во Западен Балкан.