Македонија
МРТ лани потрошила 6 милиони евра, извештајот поднесен до пратениците
Македонската радио-телевизија во изминатата година потрошила над 6 милиони евра, ова е наведено во извештајот на МРТ, кој се најде пред пратениците за годишната работа, во кој се истакнува дека за оваа сума успешно е спроведена програмата до гледачите.
МРТ без сериозна анализа, со голи бројки и набројувања во годишниот извештај за 2017 година, се пофали дека е јавен радиодифузен сервис кој успешно ја реализирал задачата. Извештајот за тоа колку е потрошено, што и како се работело, е испратен до Собранието, каде што пратениците треба да го усвојат.
Освен набројување, во извештајот нема ниту збор за тоа колку МРТ навистина ги исполнува задачите на јавен сервис, чија задача е да образува, информира и забавува, како и тоа дека е јавен сервис за сите граѓани, без разлика на политичката припадност.

Бројот на вработени луѓе во јавниот сервис изнесува 845 лица, од кои сè уште повеќето се со средна стручна спрема. За тоа колку надворешни соработници има во МРТ кои реализираат копродукциски емисии, во извештајот нема информација.
Според оценките на експертите, МРТ особено во посочениот период не беше на висината на задачата. Во извештајот раководството заборавило да го спомене навивачкото известување во периодот до формирањето на новата Влада, пристрасното известување за значајните настани, а особено за 27 април кога толпа граѓани насилно влегоа во Собранието на РМ кога за време на немилиот настан МРТ емитуваше ракометен натпревар, а вклучувањето, по завршувањето на натпреварот, беше со зборовите: „Народот влезе за да си го врати законодавниот дом“, без ниту еден збор за тоа што доживуваа пратениците, медиумите и собраниските служби.
Освен бројки, во извештајот нема ниту оценка колку професионално МРТ ги покриваше локалните избори. За да се прифати годишен извештај за работата на една институција, таа треба да си ја извршила задачата за што е формирана и за што се финансирана од парите на граѓаните.
Според јавноста, ваквиот извештај потпишан од директорот на МРТ, Марјан Цветковски, и предлог-одлука извештајот да добие зелено светло од пратениците потпишана од претседателот на Програмскиот совет, Смиљка Јанеска-Саркањац, не заслужува поддршка од законодавниот дом бидејќи реформите во МРТ се неопходни.
Доколку извештајот не биде потпишан, нема реперкусии, но тоа би требало да значи дека е неопходна промена на Управниот одбор на МРТ. Пленарната седница, на која ќе се најде извештајот од јавниот дифузен сервис, е закажана за 17 јули.
Виктор Јованов
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм – во близина на Макпетрол, без вода ќе останат корисниците од улицата Христо Татарчев лоцирани на потегот од улицата Народни Херои до улицата Франк Харкорд-Манинг, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата
Македонија
Следува период на стабилно време, дневната температура ќе биде во пораст
Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 2, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно време, освен во вторник кога кон крајот на денот претежно во североисточните делови ќе има услови за повремен локален дожд. Утрата ќе бидат постудени, а дневната температура ќе биде во пораст.
Македонија
(Видео) Кузеска: Кој е Душан Адамовиќ и зошто е избран за почесен Конзул на Македонија?
„Пред околу еден месец, српското МНР соопшти дека му ја предале егзекватурата на почесниот конзул на Република Северна Македонија во Република Србија: Душан Адамовиќ. Седиштето на Конзулатот на Република Северна Македонија е во Панчево. Кој е Душан Адамовиќ и зошто токму тој е избран за почесен конзул?“, кажа денеска на прес-конференција, Богданка Кузеска – портпаролка на СДСМ.
„На платформата X може да се најдат стари објави на Адамовиќ кој вели дека, цитирам „Српска Македонија“ била окупирана. Ова е скандал сам по себе, но одиме понатаму. Адамовиќ е висок функционер на СНС сестринската партија на ВМРО-ОКГ, и близок со Александар Вучиќ. Бил член на Извршниот одбор на СНС, кородинатор за Срем и координатор за Јужен Банат. Во медиумите во Србија има скандалозни информации за бројни афери кои се поврзуваат со него. Во 2019 години поранешниот министер за внатрешни работи на Србија, Зоран Живковиќ јавно ќе објави дека Душан Адамовиќ е дел од група која се занимавала со трговија со оружје. Вести.рс пренесува дека во 2008 г. на само 24 години бил застрелан во нога затоа што должел пари. Преживеал напад со бомба во 2006 година. Бил уапсен и за други кривични дела. Бројни афери со криминални позадини се поврзуваат. Сега прашањето е како покрај толку угледни бизнисмени, личност со вакво криминално минато, со која се поврзуваат бројни афери во Србија е избран за конзул? Го провериле ли македонските безбедносни служби или Мицкоски лично лобирал за него? Овој скандал отвора сериозен сомнеж. Го повикуваме премиерот Мицкоски да излезе и да одговори: Како од толку угледни бизнисмени во Србија владата го избрала Адамовиќ за почесен конзул на Македонија? Каква е врската на Адамовиќ со Мицкоски?“, истакна Кузеска.
ВМРО-ДПМНЕ испрати реакција на прес-конференцијата.
„Предлогот за конзул на Душан Адамовиќ доаѓа од амбасадорот на Македонија во Белград именуван уште од времето на владата на СДС и ДУИ. Партијата на Башановиќ, СДС треба да разбере дека функцонира во Македонија и е опозиција во Македонија. Не сакаме да се вмрежуваме во дневно политичките настани во соседна Србија иако желбата на СДС е огромна за тоа. Споменатото лице ги исполнува сите критериуми потребни за негово поставување за конзул“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

