Контакт

Македонија

Камбовски смета дека на Јанакиески притворот од сите постапки да му се засмета во казната: Кога има двоумење, се толкува во корист на обвинетиот

Објавено пред

Академик Владо Камбовски го анализира случајот на Миле Јанакиески, кој има правосилна казна од 3,5 години за случајот „Титаник“, а поминал 4,6 години во притвор за повеќе случаи. Правната дилема е дали Кривичен суд може да дозволи спојување на притворот од сите случаи, за да му се засмета во затворската казна. Камбовски посочува: „Согласно методот на телеолошко толкување, туку се потпира и врз базичниот принцип на казненото право во однос на толкувањето на законите: In dubio pro reo – секогаш кога постои двоумење треба да се одлучува, односно нивните одредби да се толкуваат во корист на обвинетиот“.

dobivaj vesti na viber

„Научното толкување на законите е важен и значаен прилог кон правилната примена на законите и во суштинска смисла влијае врз нивното толкување од страна на судовите, особено кога се работи за комплексни случаи“, додава академик Камбовски.

Тој посочува дека во случајот на Јанакиески треба да се направи системско и телеолошко толкување на Кривичниот законик, како и Законот за кривична постапка.

„Покрај куќниот притвор, поимот на лишување од слобода ги подразбира и полициските мерки на задржување на осомничениот во полициската истрага. Притворот, како и другите облици на лишување од слобода не се поврзани со кривичното дело или дела за кои е осомничен обвинетиот. Ако е тој осомничен/обвинет за повеќе кривични дела, му се одредува една мерка на притвор, заради обезбедување на негово присуство во постапката за сите дела. Значи, не постои диференцирање на притвор за едно дело, па потоа притвор за друго, трето… за кои се води една постапка или повеќе постапки“, посочува Камбовски.

Дециден е дека една е ситуацијата кога се води еден судски предмет за повеќе сторени дела, со еден судски совет – тогаш се изрекува казна, во која се засметува времето поминато во притвор.

Вторите се однесуваат на материјалниот аспект определен со одредбите од КЗ кои имаат рефлексии и врз постапката што се води против обвинетиот. Една е ситуацијата кога против обвинетиот се води кривична постапка со едно обвинение за повеќе дела, извршени во стек (еден судски предмет, еден судски совет). Во тој случај судот донесува една пресуда за сите дела сторени во стек и изречува единствена казна според правилата за одмерување на казната за дела во стек согласно чл.47 ст.1 од КЗ, според која ‘времето поминато во притвор, како и секое лишување од слобода во врска со кривично дело, се засметуваат во изречената казна затвор, малолетнички затвор и парична казна’. Во пресудата со која се изрекува казната, судот е должен во траењето на казната да го засмета и времетраењето на притворот, односно куќниот притвор, согласно чл. 404 ст.1 т.6 од Законот за кривичната постапка, според која  ‘во пресудата во која обвинетиот се огласува за виновен судот ќе изрече: ……одлука за засметување на лишување од слобода, на притвор или на веќе издржаната казна…’“, додава Камбовски.

Ситуацијата кај Јанакиески е поинаква. Нему му се суди во раздвоени постапки, односно повеќе предмети. Посочува дека за овие случаи мора да важи правилото при донесување на осудителна пресуда, судот да го засмета притворот, незаивсно за кое кривично дело против него се покренати различните постапки

„Друга е ситуацијата кога на едно лице му се суди во повеќе раздвоени  кривични постапки, оформени како различни судски предмети со подигање на повеќе обвиненија, пред различни совети и со донесување на пресуди во тие постапки. За тие случаи треба да важи правилото дека во секоја постапка при донесување на осудителна пресуда судот мора да одлучи за засметување на притворот што му бил одреден на обвинетиот, независно за кое кривично дело против него се покренати различните постапки (на пример одреден е притвор заради обезбедување негово присуство во истрагата за едно дело, но потоа истрагата е проширена и на други дела или се покренати истраги и за други дела). Во тој случај судот при донесувањето на осудителната пресуда мора да се држи за императивната норми од чл.47 ст.1 КЗ и чл.404 ст.1 т.6 од ЗКП за засметување на притворот, односно куќниот притвор, при изрекувањето казна затвор за посебното дело. Притоа, судот не смее да ја избегне таквата обврска поаѓајќи од сознанието дека против обвинетиот, кој е правосилно осуден, се водат други кривични постапки, кои не се завршени со правосилна судска пресуда. Во спротивен случај, судот го повредува принципот на пресумпцијата на невиност, според која никој не може да се смета за виновен сѐ додека неговата вина не биде утврдена со правосилна судска пресуда. Недозволено е во таа смисла и калкулирање со веќе изречени казни за други дела во првостепена постапка, затоа што тоа значи прејудицирање на конечната и правосилна судска пресуда за тие дела“, додава Камбовски.

Според академикот, со првата правосилна пресуда, изречена за кое било дело, судот мора да го засмета во изречената казна затвор дотогаш одредениот притвор, односно куќниот притвор и неговото времетраење.

„Тоа не исклучува во следна, втора, трета итн. правосилна пресуда да се изврши натамошно засметување на времетраењето на притворот, односно куќниот притвор, во делот кој не е засметан во претходно правосилно изречена казна затвор. Ова толкување на случајот Јанакиевски не само што одговара на духот и целта на одредбите од КЗ и ЗКП, согласно методот на телеолошко толкување, туку се потпира и врз базичниот принцип на казненото право во однос на толкувањето на законите: In dubio pro reo – секогаш кога постои двоумење треба да се одлучува, односно нивните одредби да се толкуваат во корист на обвинетиот“, додава академик Владо Камбовски.

Вакво барање од адвокатите на Јанакиески е упатено до Кривичниот суд кој треба да се произнесе.

Македонија

Уапсен врховен судија поради сомненија за примање поткуп

Објавено пред

Врховниот судија Наке Георгиев е уапсен поради сомнеж за примање поткуп.

dobivaj vesti na viber

„Денеска 20 мај, лишен од слобода е судија од Врховниот суд поради сомневања за сторено кривично дело Примање награда за противзаконито влијание. Судијата е лишен од слобода на лице место при извршување на кривичното дело. Се чекаат натамошни насоки од надлежен јавен обвинител“, велат од МВР.

Засега не е позната локацијата каде што е приведен судијата, ниту пак, за колкава сума станува збор.

Прикажи повеќе...

Македонија

Сиљановска доби честитка од кралот Чарлс

Објавено пред

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска го прими амбасадорот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Метју Лосон.

dobivaj vesti na viber

На средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, при што претседателката Сиљановска Давкова истакна дека нашата држава придава особено значење на развојот на пријателските односи и соработката со Обединетото Кралство, вклучувајќи го сојузништвото во НАТО алијансата. Претседателката Сиљановска Давкова посочи на нејзината подготвеност за натамошно унапредување на билатералната соработка со Обединетото Кралство во сите сфери од заемен интерес.

Претседателката Сиљановска Давкова истакна дека како држава особено ја цениме британската поддршка во исполнувањето на стратешката цел – членство во Европската Унија, која продолжи и по Брегзит.

Амбасадорот Лосон на претседателката Сиљановска Давкова и предаде честитка од Кралот Чарлс Трети по повод нејзиното стапување на функцијата, во која упатува најискрени честитки за нејзиниот избор.

„Уверен сум дека ќе го вложите целиот Ваш капацитет за време на Вашиот мандат како Претседател за справување со големите предизвици на нашето време, почнувајќи од справувањето со климатските промени до продлабочувањето на евроатлантската интеграција на Северна Македонија. Многу сум задоволен што нашите две земји имаат воспоставено цврсти трговски и безбедносни односи. Оттука, се надевам дека за време на Вашиот мандат како Претседател односите, кои се веќе толку блиски, уште повеќе ќе се продлабочат“, се вели во честитката од Кралот Чарлс Трети.

Прикажи повеќе...

Македонија

Сиљановска Давкова се сретна со украинската амбасадорка Дир

Објавено пред

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими амбасадорката на Украина, Лариса Дир.

dobivaj vesti na viber

На средбата, беше изразено задоволство од традиционалните пријателски односи, засновани на заемна почит и меѓусебно разбирање. Претседателката Сиљановска Давкова ја нагласи нејзината заложба за продлабочување на соработката во сите области од заеднички интерес, реафирмирајќи ја поддршката за Украина против руската агресија, со која се поткопува европската глобална безбедност и стабилност.

Двете соговорнички разменија мислења и за стратешките определби и перспективите на двете земји, истакнувајќи ја потребата од натамошна заемна помош, споделување искуства и експертиза. Претседателката Сиљановска Давкова ја нагласи македонската поддршка за Украина на нејзиниот пат кон Европската Унија и НАТО.

Амбасадорката Дир, упатувајќи честитки за изборот на претседателката Сиљановска Давкова ѝ посака успешно извршување на функцијата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 часа

Уапсен врховен судија поради сомненија за примање поткуп

Врховниот судија Наке Георгиев е уапсен поради сомнеж за примање поткуп. „Денеска 20 мај, лишен од слобода е судија од...

Свет9 часа

Нови детали за трагедијата во Иран: технички дефект е причина за падот на хеликоптерот, јавуваат иранските медиуми

Причината за падот на хеликоптерот во кој се наоѓаше иранскиот претседател Ебрахим Раиси е технички дефект на леталото, јавува иранската...

Топ14 часа

За пари, син со нож му се заканувал на таткото во Велешко

Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка против лице од селото Раштани за кое постои сомнение дека сторило кривично дело загрозување...

Македонија14 часа

Шверцувале мигранти од Босна и Херцеговина во Хрватска: на цариниците им плаќале по 1.500 евра

По спроведена истрага, УСКОК поднесе обвинение пред судот во Осиек против групата, во која беа вклучени двајца царински службеници, осомничени...

Економија14 часа

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе одлука...

Македонија15 часа

Данела Арсовска од новата влада ќе бара прв приоритет да ѝ бидат законски измени за зголемување на платите на пожарникарите

За Денот на пожарникарите, 20 Мај, Бригадата за противпожарна бригада на Скопје доби уште едно ветување за поголема плата и...

Македонија15 часа

Владата нема испратено пораки за надомест, граѓаните да не наседнуваат на измамата и да не внесуваат лични податоци на веб-страницата

„Владата на Република Северна Македонија нема испратено СМС и други пораки во кои нуди надомест. Во конкретниот случај, кој се...

Топ16 часа

Загина кумановец, возилото во кое се превезувал излетало од патот

Вчера околу 15.00 часот во СВР Куманово било пријавено дека на автопатот Скопје – Куманово, атар на с.Агино Село, кумановско,...

Македонија16 часа

Комисијата на ЕУ ги повика Скопје и Атина да се држат до преспанскиот договор

Портпаролот на Европската комисија изјави за „Еурактив“ дека договорот од Преспа меѓу Грција и Северна Македонија од 2018 година мора...

Македонија17 часа

Одземени дрога испратена во мала пратка и огнено оружје од скопјанец

Одземени 30 грама дрога и пиштол од скопјанец, по заедничка акција на инспектори од Одделението за истраги при Царинската управа...

Свет18 часа

Путин му изрази сочувство на Иран: „Раиси ѝ беше вистински пријател на Русија“

Рускиот претседател Владимир Путин упати сочувство до иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, опишувајќи го Раиси како вистински пријател на...

Свет18 часа

(Видео) Новинар известува покрај остатоците од хеликоптерот во кој загина претседателот на Иран, багажот на патниците е расфрлан наоколу

Претседателот на Иран, Ебрахим Раиси загина во хеликоптерска несреќа, која се урна во неделата на северозападот на земјата, а спасувачките...

Свет19 часа

Реакции на светските лидери за смртта на иранскиот претседател

Лидерите ширум Блискиот Исток и пошироко го изразуваат своето сочувство откако иранскиот претседател Ебрахим Раиси и уште осум лица загинаа...

Свет20 часа

Новиот претседател на Тајван ѝ порача на Кина: Престанете да ни се заканувате

Претседателот на Тајван, Лаи Чинг-те денеска побара од Кина да ги прекине своите воени и политички закани, велејќи во својот...

Свет21 час

(Видео) Повеќе торнада ја погодија Оклахома, објавени се снимки

Вчера вечерта се формираа повеќе торнада низ американската сојузна држава Оклахома, вклучително и едно што помина низ Оклахома Сити. Засега...

Свет21 час

Раиси летал со хеликоптер од американско производство, објави иранска новинска агенција

Иранската државна новинска агенција ИРНА објави дека Раиси летал со хеликоптер Bell 212 од американско производство. Според воениот аналитичар на...

Свет21 час

(Видео) Нема преживеани во хеликоптерската несреќа со иранскиот претседател, објавија иранските агенции

Иранските агенции јавуваат дека местото на падот на хеликоптерот е пронајдено и дека нема преживеани, пренесува Си-Ен-Ен. „Нема знаци на...

Свет21 час

(Видео) Објавена снимка од местото на падот на хеликоптерот во кој се наоѓаше иранскиот претседател

Се претпоставува дека иранскиот претседател и министерот за надворешни работи се мртви откако иранските државни медиуми објавија дека не се...

Македонија1 ден

Обвинителката собра докази против тројцата осомничени за убиството на Вања и Панче, за Палчо истрагата трае

Скопската обвинителка Жаклина Крстевска-Јосифовска ја заврши истражната постапкa, односно како што појаснуваат од ОЈО Скопје за Макфакс, преземени се сите...

Свет1 ден

Сè уште се трага по хеликоптерот со кој леташе иранскиот претседател Раиси, објави ИРНА

Државната Иранска новинска агенција (ИРНА) објави дека во тек е опсежна операција за пребарување и спасување откако хеликоптерот со иранскиот...